Online промена на лични податоци

Со цел промена на лични податоци, потребен Ви е ВЕРИФИКАЦИСКИ КОД со кој Вие лично ќе ги потврдите новите податоци во Вашиот профил.

Истиот може да го добиете на Вашата e-mail адреса или на Вашата домашна адреса (адреса за кореспонденција), претходно регистрирани во евиденција на Друштвото.

За да ја регистрирате Вашата e-mail адреса или да побарате доставување на ВЕРИФИКАЦИСКИ КОД, Ве молиме да ни се обратите на телефонскиот број 02/3243-777 или 02/3243-772.

По добивање на кодот, Ве молиме за следното:

1. Најавете се на МОЈА СМЕТКА, користејќи ги корисничкото име и лозинката доделена од страна на Друштвото на задната страница од годишниот извештај за пензиска заштеда.
2. Во Вашиот профил, извршете промена на потребниот податок, користејќи големи кирилски букви за името, презимето и адресата и во полето за телефон не ги внесувајте следните симболи – и /.
3. Кликнете Зачувај, по што порталот ќе побара внесување на ВЕРИФИКАЦИСКИ КОД.
4. Внесете го кодот издаден од Друштвото и кликнете Поднеси

Поради заштита на Вашите лични податоци, бараната промена понатаму се разгледува и прифаќа од страна на Друштвото.