Во јули, на пазарите на капитал дојде до привремена рамнотежа помеѓу стравот (ризик од силен втор бран, ниски приноси на обврзниците, високи валуации на акциите и високи цени на златото) и очекувањата (позитивни ефекти од повторно отворање на економијата). Но, големото прашање е: Што понатаму? Сите одговори сè уште нè водат по неизвесниот пат на вирусот. Според познавачите на вирусите, патот е многу долг за широката достапност на вакцината. Од друга страна, проекциите за пораст на економијата во следната година, според сите релевантни институции, се позитивни во очекување на ефектите од фискалните и монетарните стимули во економиите.

Во прилог е месечниот извештај за пазарите за јули 2020 година, што КБ Прво пензиско друштво го подготви за вас:

Месечен извештај за финансиските движења