Престижна интернационална награда за „Најдобара пасивна инвестициона стратегија”

-КБ ПРВО ПЕНЗИСКО ДРУШТВО АД СКОПЈЕ

На свечена церемонија IPE Awards 2016 во Берлин, Германија одржана на 01.12.2016 година, КБ Прво пензиско друштво АД Скопје ја доби престижната награда за “„Најдобара пасивна инвестицискона стратегија“ ” во организација на реномираниот финансиски магазин IPE (Investment & Pensions Europe).

Според официјалниот извештај на Комисијата за доделување на наградите тоа е награда за јасна и добро конструирана портфолио стратегија која дава максимум резултати во рамките на конзервативните законски ограничувања.
Наградата претставува продолжување на успешната приказна која КБ Прво пензиско друштво АД Скопје започна да ја гради во минатите години, како и потврда за успешноста на реформираниот пензиски систем во Република Македонија, професионалната работа и грижата за членството, пред се.

Награди за „Најдобар Пензиски Фонд во Централна и Источна Европа 2016“ и „Најдобра долгорочна инвестициска стратегија“

КБ ПРВО ПЕНЗИСКО ДРУШТВО АД СКОПЈЕ

На Третата годишна конференција на пензиски фондови од Централна и Источна Европа (CEE Pension funds Conference & Awards 2016) во Прага, Република Чешка одржана на 08.03.2016 година, КБ Прво пензиско друштво АД Скопје доби две престижни награди „Најдобар Пензиски Фонд во Централна и Источна Европа 2016“ и „Најдобра долгорочна инвестициска стратегија“ во организација на Fleming.
Наградите претставуваат уште една потврда за успешноста на реформираниот пензиски систем во Република Македонија и професионалната работа на Друштвото во изминатите десет години. Во конкуренција на пензиски фондови од Чешка, Латвија, Естонија, Хрватска, Босна итн., гласано од 12 независни судии, КБ Прво пензиско друштво АД Скопје го освои првото место во две категории. Oвие награди Друштвото ги посветува на сите членови на фФондот.
Друштвото, со ова уште еднаш докажа дека ги постави темелите на една успешна приказна, која ветува дека ќе продоложи да ја гради и во иднина.

Награда за “Најдобар Пензиски Фонд за 2015 година во Централна и Источна Европа”

ПРВО ПЕНЗИСКО ДРУШТВО АД СКОПЈЕ

На свечена церемонија во Барселона, Шпанија одржана на 19.11.2015 година, КБ Прво пензиско друштво АД Скопје ја доби престижната и посакуваната награда за ” Најдобар Пензиски Фонд за 2015 година во Централна и Источна Европа” во организација на реномираниот финансиски магазин IPE (Investment & Pensions Europe).

Јанко Тренкоски, генерален директор на КБ Прво пензиско друштво АД Скопје, поврзано со наградата, изјави: „Наградата претставува исклучителен успех за нас и за реформираниот пензиски систем во Република. Македонија. Станавме дел од навистина компетентно друштво на наградени пензиски фондови од цела Европа. Во конкуренција на фондови од Романија, Латвија, Естонија, Полска, Хрватска, итн., го освоивме првото место. Оваа е награда е посветена на сите членови на Фондот, наши сограѓани“.
Друштвото, со ова уште еднаш докажа дека ги постави темелите на една успешна приказна, која ветува дека ќе продоложи да ја гради и во иднина.

Национална награда за најдобри општествено одговорни практики во 2012 година

Како доказ за своето работење, во 2013 година Друштвото се здоби со Национална награда за најдобри општествено одговорни практики во 2012 година во категоријата „Односи на пазарот“ кај големите компании доделена од Националното координативно тело за општествена одговорност на претпријатијата при Министерството за финансии на Република Македонија.

Со оваа активност се докажа дека Друштвото работи единствено во интерес на членовите и се грижи за нивните средства во пензиските фондови со кои управува Друштвото, а со тоа се докажа и дека тимот на Друштвото е составен од професионални лица кои посветуваат внимание и на овој сегмент.