Нашиот тим

Тимот на КБ Прво пензиско друштво е составен од стручни и динамични лица со богато искуство во областа на инвестирањето, финансиите, финансиските ризици и  управувањето со финансиски средства.
Основните начела кон кој се придржуваме во нашето работење се:

1.Фокус кон клиентите – членовите на фондовите со кои управуваме;
2.Перфекционизам во работењето;
3.Интегритет;
4.Лидерство;
5.Тимска работа и
6.Почитување на луѓето и околината

Менаџментот на КБ Прво пензиско друштво АД Скопје го сочинуваат:

Весна Стојановска – Генерален директор и претседател на Управен одбор

Филип Николоски – Втор Генерален директор и член на Управен одбор

Раководни лица:

• Билјана Русомарова – Раководител на Сектор за сметководство
• Горан Мартиноски – Раководител на Сектор за управување со средствата
• Марија Спасев – Раководител на Сектор за управување со ризици
• Никола Глигоровски – Раководител на Сектор за внатрешна ревизија
• Горан Наумовски – Раководител на Сектор за информатика
• Натка Самоиловска – Раководител на Сектор за администрирање на сметки
• Андријана Зариоска –Pаководител на Правна служба

Пензиска реформа

Реформата во пензискиот систем во Република Македонија се воведе со цел да обезбеди материјална и социјална сигурност за сегашните и идните пензионери на долг рок. Ваков тип на реформа беше неопходен во пензиското осигурување од причина што стариот – едностолбен систем во државата, организиран според принципот на “генерациска солидарност” наиде на сериозни проблеми во своето функционирање и се наметна прашање дали ќе може да опстои на начин на кој опстојуваше.

Заради целокупните социо-економски случувања во периодот на почеток на транзицијата, а и подоцна, во Република Македонија се случија големи промени во стопанството на кои не остана имун ниту пензискиот систем. Бројот на активни осигуреници во голема мера се намали, животниот век на човекот беше се подолг и сеуште се продолжува, а бројот на пензионери кои користат пензија се зголеми. Од причина што соодносот помеѓу осигурениците и пензионерите се намали, принципот на тековно финансирање (сегашни осигуреници плаќаат за сегашни пензионери) почна да се соочува со сериозни проблеми.

Заради сето ова, по примерот на другите земји кои веќе воведоа реформи во пензиското осигурување, а со цел да се надминат овие состојби, Република Македонија изврши реформа на пензискиот систем, т.е. воспостави повеќестолбен систем во пензиското осигурување.

Со воведување на капитално финансираното пензиско осигурување кое радикално се разликува од постојното тековно финансирано осигурување, се очекува избалансираност на приходите и расходите на Фондот на ПИОМ на долг рок и обезбедување сигурност и заштита за сегашните и идни пензионери.

Лична карта

 

Друштво за управување со задолжителни и доброволни пензиски фондови

Пензиски фондови:

КБ Прв отворен задолжителен пензиски фонд – Скопје

КБ Прв отворен доброволен пензиски фонд – Скопје

Членови на Надзорен Одбор на Друштвото:

Претседател – Аленка Жнидаршич Крањц

Член – Милица Георгиева

Член – Јанез Крањц

Независен член – Сашо Арсов

Членови на Управен Одбор на Друштвото:

Претседател – Весна Стојановска

Член – Филип Николоски

Адреса: бул. Илинден бр 1, 1000 Скопје, Република Македонија

(спроти Влада на РМ)

Сопственичка структура:

Skupina Prva zavarovalniski holding d.d. Ljubljana (51%)

Комерцијална банка АД Скопје (49%)

 

Датум на регистрација: 19 Мај 2005

Основна главнина: 110,5 милиони денари (1,8 милиони €)

Банка чувар на имот: НЛБ Банка АД Скопје

За нас

Иднината, денес, значи планирање на нашиот живот денес, со одговорност кон нашата и иднината на нашите најблиски. Вложувањето во Пензиските фондови со кој управува КБ Прво пензиско друштво е вложување во сопствената иднина.

КБ Прво пензиско друштво произлезе од реформите во пензискиот систем во Република Македонија и негова основна дејност е управување со пензиски фондови.

Нашата цел е да создадеме вредност за членовите на Фондовите со кој управуваме, да ги заштитиме нивните интереси, да овозможиме сигурност на нивните средства и да создадеме профит со соодветно инвестирање. Работејќи на остварување на својата цел, КБ Прво пензиско друштво, на сите сегашни и идни членови на Фондовите им нуди:

СИГУРНОСТ – работејќи согласно строгите законски одреби како и заради контролата од страна на институциите кои се инволвирани во реформираниот пензиски систем (Агенција за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување и банката чувар)

СТАБИЛНОСТ – затоа што КБ Прво пензиско друштво произлегува од партнерството на SkupinaPrvazavarovalniskiholdingd.d. Ljubljana и Комерцијална банка АД Скопје, кои создадоа идеален спој на сигурност со голема банкарска традиција, знаење и искуство во управување со пензиски фондови;

СПЕЦИЈАЛИЗИРАНОСТ ВО РАБОТЕЊЕТО – затоа што со Друштвото раководат искусни и стручни лица, а негова основна дејност е управување со пензиски фондови

ОРГАНИЗИРАНОСТ И ДОСТАПНОСТ – затоа што располага со широко распространета мрежа на обучени агенти, преку кои секој граѓанин може да дојде до точни информации за производот што го нуди

ТРАНСПАРЕНТНОСТ ВО РАБОТЕЊЕТО – затоа што секогаш е отворено за комуникација и достапно за членовите кои во секое време имаат увид во своите средства и нивното оплодување

Во конкурентскиот настап на друштвата на пазарот, КБ Прво пензиско друштво се однесува коректно, почитувајќи ги принципите на добро деловно однесување и фер игра.

Нашата визија е КБ Прво пензиско друштво да биде лидер на пазарот на пензиското осигурување во Републиката, препознатливо по своите етички принципи, висока стручност и професионалност во работењето, со единствена цел остварување добробит за сите свои членови.

Најнови резултати од работењето на КБ Прво пензиско друштво АД Скопје

Објавен е Месечниот билтен 04.2017 на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување.  на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување.

Најновите резултати од работењето на КБ Прв отворен задолжителен пензиски фонд – Скопјеможете да ги погледнете ТУКА.а за најновите резултати од работењето на КБ Прв отворен доброволен пензиски фонд – Скопје кликнете ТУКА.

Најнови резултати од работењето на КБ Прво пензиско друштво АД Скопје

Објавен е Месечниот билтен 03.2017 на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување.  на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување.

Најновите резултати од работењето на КБ Прв отворен задолжителен пензиски фонд – Скопјеможете да ги погледнете ТУКА.а за најновите резултати од работењето на КБ Прв отворен доброволен пензиски фонд – Скопје кликнете ТУКА.