Најнови резултати од работењето на КБ Прво пензиско друштво АД Скопје

Брзото глобално економско закрепнување и позитивните финансиски резултати на компаниите го продолжија позитивниот тренд на пазарите на капитал и не дозволија истиот да биде прекинат од заканите за ширењето на Делта варијантата на „Ковид-19“.  Ваквото оптимистичко окружување беше дополнително подржано и со изјавите на американските монетaрни власти (FED) дека нема да има нагло зголемување на каматните стапки.

 Во прилог е месечниот извештај за пазарите за август 2021 година, што КБ Прво пензиско друштво го подготви за Вас:

Месечен извештај за финансиските движења 1

Најнови резултати од работењето на КБ Прво пензиско друштво АД Скопје

Објавен е Месечниот билтен 06.2017  на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување.

Најновите резултати од работењето на КБ Прв отворен задолжителен пензиски фонд – Скопје можете да ги погледнете ТУКА , а за најновите резултати од работењето на КБ Прв отворен доброволен пензиски фонд – Скопје кликнете ТУКА .

КБ Прво пензиско друштво АД Скопје

Престижна интернационална награда за „Најдобара пасивна инвестициона стратегија”

-КБ ПРВО ПЕНЗИСКО ДРУШТВО АД СКОПЈЕ

На свечена церемонија IPE Awards 2016 во Берлин, Германија одржана на 01.12.2016 година, КБ Прво пензиско друштво АД Скопје ја доби престижната награда за “„Најдобара пасивна инвестицискона стратегија“ ” во организација на реномираниот финансиски магазин IPE (Investment & Pensions Europe).

Според официјалниот извештај на Комисијата за доделување на наградите тоа е награда за јасна и добро конструирана портфолио стратегија која дава максимум резултати во рамките на конзервативните законски ограничувања.
Наградата претставува продолжување на успешната приказна која КБ Прво пензиско друштво АД Скопје започна да ја гради во минатите години, како и потврда за успешноста на реформираниот пензиски систем во Република Македонија, професионалната работа и грижата за членството, пред се.

ПОВРАТ НА ПЕРСОНАЛЕН ДАНОК НА ДОХОД ЗА 2016 ГОДИНА на членовите со доброволна индивидуална сметка

Согласно член 158 став 2, 3 и 4 од Законот за доброволно капитално финансирано пензиско осигурување, член на доброволен пензиски фонд кој има доброволна индивидуална сметка и уплаќа сопствени средства кои се претходно оданочени со персонален данок, има право на поврат на персоналниот данок на доход пресметан на износот на уплатениот придонес во доброволниот пензиски фонд.

Износот на кој се пресметува повратот за една календарска година не може да биде поголем од четири просечни месечни бруто плати во Републиката, објавени за претходната година.
Повратот на персоналниот данок на доход на овие членови се врши на годишно ниво директно на нивната доброволна индивидуална сметка во пензискиот фонд со доставување на барање за поврат на данок од страна на членот или физичкото лице за сметка на членот.
Правото на враќање на данокот се однесува и во случаите кога трето физичко лице во име на членот на доброволен пензиски фонд уплатило средства на неговата индивидуална сметка, а истите претходно се оданочени со персонален данок.
Поврат на персонален данок на доход за 2016 година
Имајќи го предвид горенаведното и согласно важечката законска и подзаконска регулатива, сите членови на КБ Прв отворен доброволен пензиски фонд – Скопје кои имаат доброволна индивидуална сметка и извршиле уплата на доброволен пензиски придонес во 2016 година, имаат право на поврат на персонален данок на доход за 2016 година за уплатените средства на нивната доброволна индивидуална сметка или средствата уплатени од трето физичко лице во име и за сметка на членот.
Со цел да Ви ја олесниме постапката за поврат на персонален данок на доход за минатата 2016 година, Друштвото достави Барање за поврат на персонален данок на индивидуална сметка, до сите членови на Доброволниот пензиски фонд кои имаат доброволна индивидуална сметка и имаат реализирани уплати во периодот 1.1.2016 – 31.12.2016 година.
Барањето за поврат е целосно пополнето со Ваши податоци, а Вие ќе треба единствено да го потпишете и заедно со доказот* за платен персонален данок на доход, да го поднесете до Управата за јавни приходи.
Барањето за поврат се поднесува до Управата за јавни приходи според местото на живеење на подносителот на Барањето, а како прилог на истото се доставува и доказ за платен персонален данок на доход во Република Македонија за уплатените сопствени средства или уплатените средства од страна на уплатувачот во име на членот во доброволниот пензиски фонд.
Поднесувањето на барањата од страна на жителите на град Скопје, се поднесува во Регионалната дирекција на Управата за јавни приходи (ул. 11 Октомври бр.27, 1000 Скопје).
*За доказ се смета Годишна потврда за пресметан и платен персонален данок на лични примања.
Мораме да напоменеме дека со поднесување на Барањето, согласно тарифникот на Управата за јавни приходи, треба да приложите и уплатница со уплатени 300,00 МКД за административна такса.
Повратот на персонален данок на доход се врши директно на Вашата доброволна индивидуална сметка во КБ Прв отворен доброволен пензиски фонд – Скопје.
КБ Прво пензиско друштво АД Скопје ќе Ве извести, бесплатно на Ваш e-mail, за извршениот поврат на персоналниот данок на Вашата доброволна индивидуална сметка.
За дополнителни прашања, Ве молиме да ни се обратите на телефонските броеви на КБ Прво пензиско друштво АД Скопје: 02 3243-772 и 02 3243 777.
Со почит,
КБ Прво пензиско друштво АД Скопје

Продажна мрежа

КБ Прво пензиско друштво АД Скопје овозможува брз и едноставен пристап на потенцијалните членови за склучување на договор за членство преку голем број на продажни места во Комерцијална банка АД Скопје.
Секое лице кое сака да потпише договор за членство во Пензиските фондови со кој управува КБ Прво пензиско друштво АД Скопје, како и сите заинтересирани лица, имаат право на увид во Информативните проспекти, Статутите на Пензиските фондови и Ревидираните финансиски извештаи на Друштвото и Фондовите со кои тоа управува и истите можат да ги добијат на самото продажно место. 
Во своите продажните места, КБ Прво пензиско друштво АД Скопје има доставено и огласна табла со кратки информации за главните податоци што се однесуваат на Друштвото и Пензиските фондови како и листа на одговорни лица, каде одговорните лица за целата продажна мрежа и продажното место се наведени со име и презиме, адреса и телефонски броеви на кои тие се достапни.
Договор за членство во Задолжителниот и Доброволниот пензиски фонд со кои управува КБ Прво пензиско друштво АД Скопје може да се склучи на следните продажни места на Друштвото:
продажни места адреса телефон
Во Скопје
1 КБ Прво пензиско друштво АД Скопје Ул.Митрополит Теодосиј Гологанов бр.6 02 3 243 777
Комерцијална банка АД Скопје
2 Централа – КБ2 Орце Николов бр.3, 1000 Скопје 02 3 168 168
3 Експозитура ГТЦ ГТЦ Скопје, локал 6 д.е. 267 02 3 165 906
4 Експозитура Драчево Ул.Ужичка Република лок. 285 Скопје 02 2 791 032
5 Експозитура Буњаковец Булевар  Партизански Одреди бр. 27А Скопје 02 3 228 516
Во други градови
Комерцијална банка АД Скопје
6 Филијала Велес 8-ми Септември бр.59/1 Велес 02 3 167 570
7 Филијала Кочани Кеј на Револуција бр.1 Кочани 033 271 631
8 Филијала Куманово Плоштад Маршал Тито бр.12 Куманово 02 3 167 333
9 Филијала Охрид Партизанска бр.24 Охрид 02 3 167 402
10 Филијала Прилеп Мице Козар бр.1 А Прилеп 02 3 167 510
11 Филијала Штип Маршал Тито бр.10 Штип 02 3 167 540
12 Филијала Кавадарци Маршал Тито бр.14 Б Кавадарци 043 413 856
13 Филијала Битола Никола Тесла бр.18. Битола 02 3 167 441
14 Филијала Тетово Видое Смилески Бато бр.60 Тетово 044 344 211
15 Филијала Гостивар Ул. Гоце Делчев бр.89 Гостивар 042 212 883
16 Експозитура Гевгелија Гевгелиски партизански одреди бр.4/2-1 Гевгелија 034 217 071
17 Експозитура Делчево Бул. Македонија бр.45 Делчево 033 412 356
18 Експозитура Кичево Бул. Ослободување б.б. Кичево 045 228 384
19 Експозитура Радовиш Ул. 22 Октомври  бр.19/2 Радовиш 032 630 595