КБ Прво пензиско друштво прослави 15 години од постоењето

КБ Прво пензиско друштво АД Скопје месецов прославува 15 години од постоењето, време во кое друштвото посветено и доследно ја врши својата важна улога во општеството, а тоа е да биде сигурен и стабилен дел од пензискиот систем и од заедницата.

„КБ Прво се гордее со постигнувањата на својот тим на професионалци кои сиот овој период ревносно ја исполнуваат својата мисија – грижа за просперитетна иднина за членовите, при тоа успешно справувајќи се со сите предизвици на домашниот и глобалниот финансиски пазар. 15 години сме посветени на  иднината на нашите членови. Поврзани до целта, делувавме одговорно во општеството, се грижиме за нашите членови и креираме вредност “ ,  изјави г-ѓа Весна Стојановска, Претседател на Управниот одбор на КБ Прво пензиско друштво АД Скопје

Друштвото, основано од ПРВА Групација од Љубљана Словенија и Комерцијална Банка АД Скопје, управува со два фонда – КБ Прв отворен задолжителен пензиски фонд и КБ Прв отворен доброволен пензиски фонд.

Изминативе 15 години, 261.524 членови го доверија менаџирањето на своите пензиски заштеди во задолжителниот, втор пензиски столб, на КБ Прво пензиско друштво и заклучно со 30.04.2020 нето средствата на КБ Прв отворен задолжителен пензиски фонд – Скопје изнесуваа 40.224,13 милиони денари.

Напоредно, 14.649 граѓани се зачленија во КБ Прв отворен доброволен пензиски фонд-Скопје и висината на средствата во истиот заклучно со 30.04.2020, изнесува 1.001,95 милиони денари.

Континуираниот раст на приносите во двата фонда сведочи за тоа дека овие граѓани го направија вистинскиот избор избирајќи го КБ Прво.

„Нашата цел останува да продолжиме да бидеме вистинскиот избор за сите сегашни и идни членови на големото семејство на КБ Прво, создавајќи вредност и сигурност за пензиските денови“, порача г-дин Предраг Милошевски, Член на Управниот одбор на КБ Прво пензиско друштво АД Скопје.

Водејќи се по препораките на здравствените власти, овој значаен јубилеј друштвото го прослави во еден поинаков амбиент, но со непроменето чувство на заедништво и колегијален дух.

Супервизор на капитално финансирано пензиско осигурување е Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) www.mapas.mk, тел. 02 3224 229.

КБ Прво Пензиско Друштво АД Скопје донираше 5.000 маски за потребите на Министерството за здравство

КБ Прво Пензиско Друштво АД Скопје донираше 5.000 маски за потребите на Министерството за здравство

Соочени со последиците од светската здравствена криза и имајќи ја предвид сериозноста на ситуацијата во која се наоѓаме сите ние​, остануваме доследни на нашата примарна цел а тоа е да помогнеме на нашата заедница во справувањето во борбата со COVID-19, како и да помогнеме на нашиот здравствен систем со обезбедување на неопходната опрема.

За таа цел, КБ Прво Пензиско Друштво во координација со Министерството за здравство на Република Северна Македонија, донираше 5.000 респираторни маски од типот на KN95 и N95  како и пациент монитор, во вкупна вредност од 1.300.000 денари.

Заштитните респираторни маски имаат степен на филтрација од ≥ 95%, и задржуваат аеросоли, честички прашина, смог, бактерии и полен. Маската е со степен на заштита кој е препорачан од Светската Здравствена Организација (СЗО) како минимален стандард на заштита.

Дополнително, минатиот месец беше дониран и пациент монитор на Клиниката за инфективни болести и фертилни состојби.

“Веруваме дека изминатиот период беше лекција за сите нас, да се потсетиме на важните нешта во животот. Во време кога учиме заедно дека здравјето на сите нас е најважно, важно е да останеме поврзани до заедничката цел. Вложувајќи во здравствениот систем вложуваме во нашата Иднина, денес. ” – изјави Претседателот на Управниот Одбор на КБ Прво Пензиско Друштво АД Скопје, Г-ѓа Весна Стојановска.​

Најнови резултати од работењето на КБ Прво пензиско друштво АД Скопје

Објавен е Месечниот билтен 04.2020 1 на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување.

Најновите резултати од работењето на КБ Прв отворен задолжителен пензиски фонд – Скопје можете да ги погледнете ТУКА 2, а за најновите резултати од работењето на КБ Прв отворен доброволен пензиски фонд – Скопје кликнете ТУКА 3.

КБ Прво пензиско друштво АД Скопје

Неревидирани финансиски извештаи за КБ Прв отворен задолжителен пензиски фонд – Скопје за периодот 01.01.2020 – 31.03.2020

Неревидирани финансиски извештаи за КБ Прв отворен задолжителен пензиски фонд – Скопје за периодот 01.01.2020 – 31.03.2020

Неревидирани финансиски извештаи за КБ Прв отворен доброволен пензиски фонд – Скопје за периодот 01.01.2020 – 31.03.2020

Неревидирани финансиски извештаи за КБ Прв отворен доброволен пензиски фонд – Скопје за периодот 01.01.2020 – 31.03.2020

Пензиските друштва донираа пациент-монитори за Универзитетската клиника за инфективни болести

Трите пензиски друштва, КБ Прво пензиско друштво а.д. Скопје, Сава пензиско друштво а.д. Скопје и Триглав пензиско друштво а.д. Скопје, донесоа заедничка одлука за пренамена на планираните средства од заедничката едукативна кампања за набавка на опрема за ЈЗУ Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје.
Со цел да им се помогне на здравствените институции и лекарите пензиските друштва донираа пациент-монитори од производителот „Edan Instruments“. Со овие монитори се следат виталните функции на пациентите како што се брзината и ритамот на чукање на срцето или ЕКГ (ECG), крвниот притисок, телесната температура, брзината и ритамот на дишење и заситеноста со кислород.
„Како општествено одговорни компании на овој начин сакаме да дадеме поддршка на институциите и заедницата во справување со кризата. Борбата со Ковид-19 вирусот е заедничка и сите ние заедно преку лична и општествена одговорност треба да дадеме свој придонес. Со оваа наша донација се надеваме дека ќе помогнеме што побрзо да се надмине оваа криза. Во оваа прилика би сакале да упатиме и голема благодарност до сите лекари и здравствени работници кои во овие моменти даваат натчовечки напори во справување со оваа ситуација.“, изјавија пензиските друштва по повод донацијата.
Супервизор на капитално финансирано пензиско осигурување е Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) (02) 3224 229, www.mapas.mk

Известување за работно време на КБ Прво Пензиско друштво и продажната мрежа

Почитувани клиенти,

Ве известуваме дека КБ Прво пензиско друштво, согласно последните измени на работното време од 23ти март,​ приемот на странки го врши во временски интервал од 08.00 до 13.00 часот, секој работен ден од понеделник до петок.
Воедно, остануваме достапни на три мобилни линии (075 202 919, 075 202 917 и 078 301 522), секој работен ден од понеделник до петок од 08.00 до 16.00 часот.

Согласно препорачаните мерки за претпазливост како и поставените ограничувања за движење на сите граѓани на Република Северна Македонија, апелираме до Вас да ги минимизирате посетите и контактите со нашите агенти, вработени и продажната мрежа, освен при неопходни потреби.
Ве охрабруваме во следниот период да ги користите електронските канали за комуникација со нас.

Дополнително, ве информираме дека ново работно време од 08.04.2020 година имаат и нашите продажни места.
За истите може да се информирате на следните линкови:

Комерцијална банка

Шпаркасе Банка

 

Да останеме безбедни, а сепак поврзани!
#ЗаштитиСе #СедиСиДома #ПоврзаниДоЦелта

Супервизор на капитално финансирано пензиско осигурување е Агенција за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) www.mapas.mk тел:02/3224 229