Side Area Logo
Добро дојдовте на нашата веб страна
Поврзи се со нас
 

Оглас за вработување на стручен соработник за продажба за регионот Битола

Оглас за вработување на стручен соработник за продажба за регионот Битола

КБ Прво пензиско друштво АД Скопје – лидер на пазарот на пензиското осигурување во Република Северна Македонија, препознатливо по своите етички принципи, висока стручност, професионалност и транспарентност во работењето, има потреба од вработување на едно лице – стручен соработник за продажба за регионот Битола.

Работниот однос се основа на определено работно време од 6 месеци, со можност за негово продолжување.

Работното време е од 8 до 16 часот (40 работни часа), секој работен ден од понеделник до петок.

Висината на платата е предмет на договор.

 

Опис на работните обврски:

– Маркетинг и продажба на задолжително и доброволно пензиско осигурување и претставување на задолжителното и доброволното пензиско осигурување и на Друштвото на терен;

– Контактирање на потенцијални клиенти и закажување состаноци;

– Склучување договори за членство, професионални пензиски шеми и договори за исплата на средства;

– Одржување на долгорочна релација со своите членови и постојана грижа за нив;

– Известување и подготовка на извештаи согласно барањата и потребите на Друштвото за сите продажни активности.

 

Потребни квалификации:

– Завршено минимум средно образование.

– Да поседува возачка дозвола Б категорија.

 

За вршење работи од областа на маркетингот за пензиските фондови, потребна е лиценца што ја издава Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС, за што кандидатите треба да полагаат испит за агент за вршење работи на маркетинг и продажба на задолжително и доброволно капитално пензиско осигурување. Кандидатите кои ќе бидат избрани, Друштвото дополнително ќе ги информира за начинот и условите за полагање испит за агент и стекнување лиценца.

 

Друштвото Ви нуди флексибилна и пријатна работна средина, како и можност за дополнителна обука и професионална надградба.

Доколку сте подготвени да ја креирате иднината денес, притоа поседувате комуникациски способности, позитивен пристап кон работата и самоиницијативност Ве охрабруваме да се приклучите на нашиот тим.

Вашата биографија ја очекуваме на следнава електронска адреса: contact@kbprvo.com.mk.

Огласот ќе биде активен 20 дена од датумот на објавување.

Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг ќе бидат повикани на интервју. Друштвото го задржува правото да не ангажира ниту еден кандидат од пријавените на конкурсот.

За дополнителни прашања, можете да стапите во директен контакт со КБ Прво пензиско друштво: contact@kbprvo.com.mk или на тел. 02 / 3243777.

Лице за контакт: Стела Бојаџиев

 

Напомена: Согласно Законот за заштита на личните податоци, со доставувањето на вашата биографија за идните потреби на Друштвото, согласни сте вашите лични податоци да бидат користени во процесот на селекција на кадри. Друштвото Ве известува дека вашите лични податоци нема да бидат користени за ниедна друга цел, ниту, пак, би биле достапни на трети лица.[:]

Нема коментари

Коментарите се не достапни во моментов