Side Area Logo
Добро дојдовте на нашата веб страна
Поврзи се со нас
 

Измена на работно време за работа со странки

Измена на работно време за работа со странки

[:Mk]

Почитувани клиенти,

Ве известуваме дека КБ Прво пензиско друштво, изврши измени на времето на работа со странки и тоа почнувајќи од понеделник 23 март,​ приемот е во временски интервал од 08.00 до 13.00 часот.

Воедно, остануваме достапни на три мобилни линии (075 202 919, 075 202 917 и 078 301 522), секој работен ден од 08.00 до 16.00 часот.

Согласно препорачаните мерки за претпазливост, апелираме до Вас да ги минимизирате посетите и контактите со нашите агенти, вработени и продажната мрежа, освен при неопходни потреби.

Ве охрабруваме во следниот период да ги користите електронските канали за комуникација со нас.

Дополнително, ве информираме дека ново работно време имаат и нашите продажни места во Комерцијална банка и Шпаркасе банка.

За истите може да се информирате на следните линкови:

https://www.kb.com.mk/Default.aspx?sel=1410&lang=1&uc=40&par=3

https://sparkasse.mk/ContentSoopshtenija.aspx?IdSoopshtenija=2271&IdRoot=1&IdLanguage=1&IdMenu=1

Да останеме безбедни, а сепак поврзани!
#ЗаштитиСе #СедиСиДома #ПоврзаниДоЦелта

Супервизор на капитално финансирано пензиско осигурување е Агенција за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) www.mapas.mk тел:02/3224 229

[vc_separator color=”white”]
[:]

Нема коментари

Коментарите се не достапни во моментов