Месечен извештај за финансиските движења

Во првите шест месеци од 2020 година пазарите на капитал се карактеризираа со невидена волатилност досега. Од огромни падови во првиот квартал до рекордни растежи во вториот квартал.

Американскиот акциски индекс имаше највисок квартален пораст во последниве 20 години, додека во исто време економијата забележа рекорден пад. Одржувањето на ниски каматни стапки, како и другите фискални и монетарни стимули, придонесоа за ваквата ситуација.

Како ќе се движат пазарите во втората половина од годината? Никој не би можел да предвиди, но дефинитивно волатилноста на пазарите ќе биде присутна, а цените на акциите и порастот на економијата ќе зависат од тоа како ќе се развива пандемијата и појавата на вакцината, што се гледа како единствен спас и за населението и за економиите ширум светот.