Управување со ризици

Управувањето со фондовите на КБ Прво пензиско друштво АД Скопје се заснова  на принципот на фидуцијарна должност,  а во тој процес посебна важност се дава на процедурите во управување со ризиците.

Ризикот може да се дефинира како комбинација од веројатност еден настан да се случи  и  влијанието кое истиот може да го предизвика. Управувањето со ризици e процес на идентификација, мерење, управување и контролирање на ризиците. Овој процес треба да резултира со корист на сите стратешки нивоа.

Процедурите за управување со ризици се засновани на концептот на Управување со ризици на ниво на компанија (Enterprise risk management ERM). Овој концепт дава рамка за управување со ризици, и е составена од:

  • Идентификација на поеднинечни настани како ризици;
  • Мерење на ризиците преку веројатности и влијанија на поединечен настан;
  • Управување со ризици;
  • Контрола на ризици.

Идентификуваните ризици со кои се управува  се групирани во следните групи: Финансиски ризициПензиски ризициОперативни ризици и Екстерни ризици.

КБ Прво пензиско друштво во текот на своето работење се соочува со многубројни ризици, од кои некои претставуваат значајни предизвици. Проактивен пристап во процесот за управување со ризици резултира во предности  за сите учесници во системот, вклучувајќи ги и членовите, сопствениците, вработените и регулаторот.