Станете член

Осигурениците кои прв пат пристапуваат во задолжително пензиско и инвалидско осигурување по 1 јануари 2019 година и на датумот на пристапување се помлади од 40 години должни се да се зачленат и да плаќаат придонеси во задолжителен пензиски фонд по сопствен избор сè додека имаат својство на осигуреник во задолжително пензиско и инвалидско осигурување.

Фондот на ПИОСМ привремено ги распределува овие осигуреници од денот на пристапување во задолжителното пензиско и инвалидско осигурување.

Осигурениците се должни да се зачленат во задолжителниот пензиски фонд во рок од три месеци сметано од датумот на пристапување во задолжителното пензиско и инвалидско осигурување, со потпишување договор за членство со агент на пензиското друштво што управува со избраниот задолжителен пензиски фонд.

По истекот на овој рок, осигурениците кои нема да потпишат договор за членство стануваат трајно распределени членови во задолжителниот пензиски фонд во кој биле привремено распределени.

Осигурениците кои во текот на осигурувањето ќе добијат основ на осигуреник како индивидуален земјоделец, физички лица кои се регистрирани како вршители на самостојна дејност за трговија на мало на тезги и пазари престануваат да бидат членови во вториот столб.

Осигурениците на кои стажот им се смета со зголемено траење (бенефициран стаж) и осигурениците од глава VII од Закон за ПИО* не се опфаќаат во вториот столб, доколку имаат навршен стаж на осигурување со зголемено траење кој овозможува намалување на старосната граница за остварување право на старосна пензија за најмалку 1 година.

Член кој навршил стаж на осигурување со зголемено траење кој овозможува намалување на старосна граница за остварување право на старосна пензија за најмалку 1 година, може да избере да го продолжи членството во 2 пензиски столб со писмена изјава за продолжување на члеснтвото во задолжителен пензиски фонд во рок од 3 месеци од навршување на стажот на осигурување. Во спротивно, по истек на овој рок му престанува членството во задолжителен пензиски фонд и средствата од индивидуална сметка се префрлаат во Фондот на ПИОСМ.

*осигуреници од глава VII од Закон за ПИО се: осигуреници од одбрана, осигуреници од внатрешни работи  и од казнено-поправни установи и воспитно поправни домови, осигуреници од Агнеција за разузнавање, и Оперативно техничка агенција, осигуреници од Агенција за национална безбедност

Осигурениците кои се во работен однос или се самовработени лица со полно работно време и за кои е утврдено ослободување од плаќање на придонесите за задолжително социјално осигурување согласно Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност, не се задолжителни членови во вториот пензиски столб за периодот за којшто е утврдено ослободувањето од плаќање на придонесите од задолжителното социјално осигурување.

Појаснување за категориите осигуреници кои се пренесуваат во Фондот на ПИОСМ согласно Законот за изменување и дополнување на Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување („Службен весник на Република Македонија“, бр. 245/2018)

За родените пред 1 јануари 1967 година, а вработени по прв пат од 1.1.2003 година членството им престанува во задолжителниот пензиски фонд на 1 јануари 2019 година и нивните средства согласно Законот ќе бидат префрлени во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Северна Македонија, а осигурениците остануваат членови само во тековно финансираното пензиско осигурување засновано на генерациска солидарност.

Лицата родени пред 1 јануари 1967 година, а вработени пред 1.1.2003 година, имаат право да изберат дали ќе го прекинат или ќе го продолжат членството во вториот пензиски столб со пополнување изјава преку овластено лице од Друштвото или Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС, најдоцна до 30 септември 2019 година. Доколку дотогаш не се изјаснат нивното членство престанува во задолжителниот пензиски фонд заклучно со 30 септември 2019 година и средствата се пренесуваат во Фондот на ПИОСМ.

Зачленувањето во КБ Прв отворен задолжителен пензиски фонд – Скопје  претставува брза, лесна и  едноставна постапка.
Искористете ја Вашата можност за избор на задолжителен пензиски фонд и станете член на КБ Прв отворен задолжителен пензиски фонд – Скопје преку склучување на договор за членство со овластен агент на КБ Прво пензиско друштво.

Член на КБ Прв отворен задолжителен пензиски фонд – Скопје може да станете  преку склучување на договор за членство со овластен агент на КБ Прво пензиско друштво.

Сите лица кои  припаѓаат во една од категориите на лица  кои имаат право да склучат  договор за членство, тоа можат да го сторат на еден од  следниве начини:

Јавете се на бројот 02/32 43 772 или 02/32 43 777 и побарајте да Ви испратиме агент на локација и во термин кој Вас најмногу Ви одговара;

Пополнете online барање и во најбрз можен рок ќе Ве контактира лице од КБ Прво пензиско друштво

Посетете ги работните простории на КБ Прво пензиско друштво АД Скопје (Ул.Митрополит Теодосиј Гологанов бр.6, 1000 Скопје)

Појдете во продажните места на КБ Прво пензиско друштво АД Скопје

ВАЖНО: За склучување на договор за членство во КБ Прво пензиско друштво потребно е со себе да имате документ за лична идентификација (важечка лична карта или пасош).

Сигурноста на средствата на членовите на КБ Прв отворен задолжителен пензиски фонд – Скопје управуван од КБ Прво пензиско друштво, како дел од реформираниот пензиски систем е гарантирана од повеќе аспекти:

1.Стручноста, искуството, големината и реномето на основачите на КБ Прво пензиско друштво кое управува со Вашите средства, Ви даваат дополнителна гаранција и сигурност за негово успешно работење при управувањето со фондовите.

Комерцијална банка АД Скопје со своето долгогодишно успешно работење и водечка позиција во банкарскиот систем во Република Северна Македонија повеќекратно потврдувана со меѓународни награди од финансиски институции и списанија.

Прва покојнинска дружба д.д. Љубљана, на 6.11.2007 година реорганизирана во Skupina Prva zavarovalniski holding d.d. Ljubljana, има  повеќегодишно директно искуство во пензиското осигурување и  го шири своето работење во задолжителното и доброволното пензиско осигурување во земјите од Југоисточна Европa.

2.Професионално управување со Вашите средства – за нивна сигурност и остварување на принос. Со вашите средства управува високопрофесионален, стручен и искусен тим, вложувајќи ги во сигурни финансиски инструменти во согласност со законските прописи, што овозможува сигурност и принос на вложените средства.

3.Инвестирање на Вашите средства во согласност со строги законски прописи со цел остварување на највисок принос, единствено, во полза на членовите и пензионираните членови и преку диверзификација и финансиска анализа се минимизира ризикот од загуби. Средствата на КБ Прв отворен задолжителен пензиски фонд – Скопје се инвестираат под постојан надзор на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС, а Банката чувар на имот безбедно ги чува одвоено од средствата на Друштвото.

4.Средствата на КБ Прв отворен задолжителен пензиски фонд – Скопје, во согласност со закон не може да се користат во постапка на порамнување или стечај на Друштвото, да се даваат во залог, асигнација или да се пренесуваат во полза на трети лица, освен во случаи што стриктно се наведени со Законот.

5.Државна гаранција од Буџетот на Република Северна Македонија до износ од 80 % од средствата на сметките на членовите во случај на измама, кражба или проневера.

6.Агенцијата за супервизија на капитално финансираното пензиско осигурување – МАПАС е основана поради вршење супервизија на работењето на друштвата за управување со пензиските фондови и на пензиските фондови со крајна цел да ги заштити интересите на нивните членови. Исто така, МАПАС врши супервизија на работењето на чуварите на имот и на странските менаџери и ги надгледува нивните финансиски извештаи во согласност со важечките закони и регулативи. Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување има својство на правно лице и за својата работа одговара пред Владата на Република Северна Македонија.

Повикајте агент

 

Верификација

Секое лице кое ќе сака да премине од друг задолжителен пензиски фонд во Задолжителниот пензиски фонд со кој управува КБ Прво пензиско друштво АД Скопје, треба да потпише договор за премин со лиценциран агент на Друштвото и изјава за согласност за премин од еден во друг задолжителен пензиски фонд. Исто така, треба  да се плати и надоместок за премин (доколку осигуреникот треба да го плати овој надоместок во согласност со членот 98 став 1 точка в) од Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување).

Прецизни информации за потребата од плаќање на надоместокот за премин, неговата висина и начин на уплата се добиваат од пензиското друштво кое управува со постојниот Задолжителен пензиски фонд што осигуреникот сака да го промени.