АГЕНТ – Лице кое врши работи на маркетинг на пензиски фондови и склучување на договори за членство.

АГЕНЦИЈА ЗА СУПЕРВИЗИЈА НА КАПИТАЛНО ФИНАНСИРАНО ПЕНЗИСКО ОСИГУРУВЊЕ – Државна агенција која е супервизор на работењето на друштвата, пензиските фондови и регулатор на капитално финансираното пензиско осигурување.

АКЦИЈА – Сопственичка хартија од вредност која претставува неделив и идеален дел од основната главнина на акционерското друштво или командитното друштво со акции. Акциите може да бидат обични и приоритетни.

БРОКЕР – БЕРЗАНСКИ ПОСРЕДНИК – Посредник кој извршува налози за купување или продавање на хартии од вредност во корист на клиентите или во свое име.

БРОКЕРСКА ПРОВИЗИЈА – Провизија која брокерската куќа ја наплатува од своите клиенти за извршена трансакција на купопродажба.

ВТОР СТОЛБ – Задолжително капитално финансирана компонента од системот со три столба кој функционира на принцип на капитализирање на средствата што значи дека работникот однапред акумулира заштеди пред своето пензионирање, на своја лична – индивидуална сметка во пензиски фонд од вториот пензиски столб, а потоа тие заштеди ги користи за да финансира дел од својата пензија. Вложените средства во Фондот се инвестираат според строго утврдени законски регулативи со цел да се заштитат средствата на членовите.

ГАРАНЦИЈА – Гаранција од државата (Буџетот на РМ) во висина од 80 % од загубата на средствата на задолжителните пензиски фондови настаната како резултат на измама, кражба и проневера.

ДИВЕРСИФИКАЦИЈА – Техника на управување со средства, со која се обезбедува разновидност на финансиски инструменти во портфолиото со цел да се распредели ризикот.

ДОБРОВОЛЕН ЧЛЕН – Сите пензиски осигуреници кои биле вработени пред 1.1.2003 година и склучиле договор за членство во Задолжителен капитално финансиран пензиски фонд од Вториот пензиски столб.

ДОБРОВОЛНА ИНДИВИДУАЛНА СМЕТКА – Лична сметка на лице кое се стекнало со статус на член со потпишување на индивидуален договор за членство во избраниот доброволен пензиски фонд од Третиот пензиски столб на која се собираат и капитализираат лични средства (уплатениот дел од доброволниот пензиски придонес намален за надоместоците и зголемен за остварениот принос по инвестирање.

ДОЛГОРОЧНА ХАРТИЈА ОД ВРЕДНОСТ – Хартија од вредност чиј рок на доспевање е една календарска година или подолго од денот на нејзиното издавање.

ДОСПЕВАЊЕ – Остатокот од рокот во кој треба да се исплати (реализира) одреден должнички финансиски инструменти.

ДРЖАВЕН ЗАПИС – Краткорочна должничка хартија од вредност издадена од Република  Македонија.

ДРЖАВНИ ХАРТИИ ОД ВРЕДНОСТ – Државните хартии од вредност (ДХВ) се безризични хартии од вредност кои во име на Владата на Република  Македонија ги издава Министерството за финансии на РМ.

ЕМИТЕНТ – Правен субјект кој развива, регистрира и продава финансиски инструменти за финансирање на своите проекти.

ЗАДОЛЖИТЕЛЕН ЧЛЕН – Сите лица – осигуреници кои првпат се вработени по 1.1.2003 година и мора да членуваат во еден задолжителен капитално финансиран пензиски фонд од Вториот пензиски столб.

ЗАКОН ЗА ЗАДОЛЖИТЕЛНО КАПИТАЛНО ФИНАНСИРАНО ПЕНЗИСКО ОСИГУРУВАЊЕ – Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување го регулира задолжителното капитално финансирано пензиско осигурување и субјектите вклучени во него.

ЗАМЕНСКА СТАПКА – Однос на пензијата на осигуреникот со неговите остварени плати.

ИНВЕСТИТОР – Физичко или правно лице сопственик на капитал кој на пазарот на капитал вложува во финансиски инструменти.

ИНВЕСТИЦИСКО ДРУШТВО – Друштво за управување со фондови, чиј единствен предмет на работење е основање и управување со фондови во свое име и за сметка на сопствениците на документите за удели на отворените фондови и во име и за сметка на акционерите на затворените фондови.

ИНВЕСТИЦИСКО  ПОРТФОЛИО – Група на финансиски инструменти поседувани од еден инвеститор.

ИНДИВИДУАЛНА СМЕТКА – Лична сметка на членот која се отвора по зачленувањето во избраниот задолжителен пензиски фонд од Вториот пензиски столб на која се собираат и капитализираат лични средства (уплатениот дел од придонесот намален за надоместоците и зголемен за остварениот принос по инвестирање.