Премин од друг задолжителен пензиски фонд

Секое лице кое ќе сака да премине од друг задолжителен пензиски фонд во задолжителниот пензиски фонд со кој управува КБ Прво пензиско друштво АД Скопје, треба да потпише договор за премин со лиценциран агент на Друштвото  и Изјава за согласност за премин од еден во друг задолжителен пензиски фонд  што ќе биде заверена на нотар. Исто така треба  да се плати и надоместок за премин (доколку осигуреникот треба да го плати овој надоместок согласно член 98 став 1 точка в) од Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување).
 
Ве известуваме дека  обврската за нотарска  заверка на Изјавата за согласност за премин престанува да важи од  31.07. 2016 година.
 
Прецизни информации за потребата од плаќање на надоместокот за премин, неговата висина и начин на уплата се добиваат од пензиското друштво кое управува со постојниот задолжителен пензиски фонд што осигуреникот сака да го промени.