Права од членство

Правата на членовите на КБ Прв отворен доброволен пензиски фонд – Скопје се дефинирани со Законот за доброволно капитално финансирано пензиско осигурување.

Тие права се однесуваат на:
Право на користење на пензиски надоместок од акумулираните средства на доброволна индивидуална/професионална сметка кои се стекнуваат најрано 10 години пред достигнување на возраст за стекнување на старосна пензија во согласност со Законот за пензиско и инвалидско осигурување, а најдоцна на возраст од 70 години.

Начинот на користење на пензискиот надоместок членовите го остваруваат преку личен избор и тоа за:

1. Програмирани повлекувања
2. Еднократни или повеќекратни исплати
3. Ануитети
4. Комбинација

Доколку износот кој се наоѓа на сметката на членот е помал од износот пропишан од Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување, членот има право само на пензиски надоместок во вид на исплата на вкупниот износ на неговата сметка, еднократно или повеќекратно.

Обезбедувањето пензиски ануитети и програмирани повлекувања е регулирано со посебен закон со кој се уредува исплата на пензии и пензиски надоместоци од капитално финансирано пензиско осигурување. До примената на овој Закон, исплатата на пензискиот надоместок ќе се извршува со еднократна исплата на вкупниот износ од сметката на членот.

Во случај на смрт на член – средствата од неговата доброволна индивидуална сметка и/или професионална сметка стануваат дел од оставинската маса на оставителот и со тие средства се постапува во согласност со Законот за наследување.
Кога кај член е утврдена општа неспособност за работа од страна на Комисијата за оценување на работната способност при Фондот на ПИОСМ – тој има право, без оглед на возраста, да избере една од можностите за пензиски надоместок што се наведени погоре.