Врз основа на Законот за заштита на личните податоци и член 30 од Статутот на КБ Прво пензиско друштво АД Скопје, Управниот одбор на Друштвото на 26-тиот состанок, одржан на 30. 07. 2021 година, донесе

 

ПОЛИТИКА на приватност и колачиња на КБ Прво пензиско друштво АД Скопје

 

КБ Прво пензиско друштво АД Скопје (понатаму во текстот: Друштвото) во согласност со дејноста која ја врши, врши и обработка на лични податоци согласно важечките прописи во Р.С. Македонија.

Друштвото се грижи за приватностa преку почитување на правото на приватност, почитување на начелата и одредбите за заштита на личните податоци и законска обработка на истите, употребувајќи бројни технички и организациски мерки.

 

Обработка на лични податоци

Личните податоци кои ги прибира Друштвото во улога на Контролор, а кои понатаму се предмет на обработка, ги собира единствено со закон утврдени цели, а за секоја друга цел обезбедува посебна Изјава за согласност за обработка на лични податоци од субјектите на личните податоци.

Обем на обработка

Согласно закон, Друштвото во склоп на својата примарна дејност, има обврска и да ги информира своите членови во врска со нивните права во однос на пензиското осигурување, како и за информации поврзани со нивниот статус во Друштвото, измените во законската регулатива, движењето на финансиските пазари, остварените приноси, наплатени надоместоци и за други информации во врска со пензискиот систем. При обработката на личните податоци, Друштвото користи соодветни технички и организациски мерки со цел обезбедување заштита на обработката на истите. Во таа насока, во Друштвото тековно се спроведуваат редовни внатрешни контроли, надворешни ревизии, оценување на ранливост и пенетрациски тестови со кои се утврдува и потврдува нивото на доверливост, сигурност, интегритет и расположливост на ИС и податоците кои се обработуваат во рамките на истиот. Роковите на чувањето на податоците кои се обработуваат се дефинирани согласно закон и интерни акти, а по истекувањето на роковите на чување, податоците се уништуваат согласно предвидените интерни процедури.

Друштвото се стреми да обезбеди што е можно поажурни податоци од субјектите на лични податоци со цел нивно навремено известување.

Збирките на лични податоци кои ги обработува Друштвото се пријавени во централниот регистар на Агенцијата за заштита на личните податоци во Р.С. Македонија (понатаму во текстот: АЗЛП), а за секоја измена Друштвото дополнително согласно Закон ја известува АЗЛП.

 

 

 

Овластени лица за обработка на лични податоци

Во однос на обработката на личните податоци, Друштвото издава посебни овластувања за обработка на истите на лицата кои имаат договорен деловен однос со Друштвото. Овие овластени лица, пред започнувањето со својата работа, а воедно и преку организирање на континуирани обуки се запознаваат со заштитата на обработката на личните податоци. Овластените лица своерачно имаат потпишано Изјава за тајност и заштита на обработката на личните податоци.

 

Сервиси на Друштвото

Портал – Моја сметка

При користење на порталот за лична сметка, Друштвото од лицата кои се најавуваат ги собира следниве категории на податоци: корисничко име, лозинка (нечитлива форма), IP адреса, датум и време на најава. Размената на податоците помеѓу порталот на Друштвото и лицата кои се најавуваат на порталот (на пример: корисничко име и лозинка) се одвива преку криптирана врска (https). Согласно закон, секој член и пензиониран член на фондовите со кои управува Друштвото, треба да добие соодветно корисничко име и лозинка за најава на порталот.

Контакт форма

Со користење на контакт формата, лицата до Друштвото ги доставуваат следните податоци: име и презиме, е-маил, телефон. Размената на податоците помеѓу веб- страната (контакт формата) на Друштвото и лицата кои ги внесуваат податоците во формата се одвива преку криптирана врска (https). Податоците кои ги обезбедува Друштвото преку оваа форма, ќе ги користи единствено за комуникација со доставувачот во врска со неговата порака.

Вебкомуникација (Web chat)

Овој сервис служи за добивање на општи информации во врска со пензискиот систем, информации за Друштвото, како и за добивање информации за статусот на лицата кои се членови во некои од фондовите со кои управува Друштвото. Податоците кои ги обезбедува Друштвото преку chat-от, ќе ги користи единствено за комуникација со доставувачот во врска со неговата порака.

Контакт телефон – 02/3243777

Овој сервис служи за добивање на општи информации во врска со пензискиот систем, информации за Друштвото, како и за добивање информации за статусот на лицата кои се членови во некои од фондовите со кои управува Друштвото. Сите повици воспоставени кон контакт телефонот на Друштвото, согласно писмен допис од МАПАС се снимаат со цел контрола на квалитетот на услугата, како и подобрување на информираноста на членството. Во однос на ова, АЗЛП има донесено посебно решение со кое се одобрува обработката на биометриските податоци која ја вршат овластени лица во Друштвото.

Останати канали преку кои се собираат лични податоци со достава на однапред пополнети:

Права на субјектите на лични податоци во однос нивната приватност

Правата кои ги имаат субјектите на лични податоци во однос на нивната приватност и законитост на обработката се:

  • Право на идентификација на контролорот;
  • Право на добивање контакт податоци од Офицерот за заштита на личните податоци кај контролорот и право на директна комуникација со истиот;
  • Право на запознавање со целите на обработка;
  • Право на запознавање со тоа какви категории на лични податоци обработува контролорот за одреден субјект;
  • Право за добивање информација за рокот на чување на личните податоци;
  • Право за информирање за тоа на кои корисници (обработувачи) се дадени личните податоци на обработка;
  • Право за добивање информација дали податоците се пренесуваат во други и трети земји;
  • Право за повлекување на изјавата за согласност за обработка на лични податоци (освен доколку истото е спротивно на Законот);
  • Право на ажурирање на лични податоци;
  • Право на псевдонимизација или бришење на личните податоци (освен доколку истото е спротивно на Законот);
  • Право за дополнување/измена/бришење/сопирање на користењето на личните податоци (освен доколку истото е спротивно на Законот);
  • Право на увид на начинот и обемот на обработката на личните податоци.

Соодветните обрасци кои се однесуваат на правата на субјектите на лични податоци се достапни на веб-страната на Друштвото во делот „Документи за членовите“.

Профилирање

Друштвото не врши профилирање на субјекти на лични податоци за какви било цели.

Директен маркетинг

Друштвото може да врши директен маркетинг единствено по претходна согласност од лицата субјекти на лични податоци.

Колачиња (Cookies)

Cookies („колачиња“) се мали датотеки кои се користат за прибирање на информации преку кои се овозможува препознавање на вашиот компјутер односно уред при вашата следна посета на нашата веб-страна со што се овозможува побрз пристап. Исто така, во одредени случаи запишуваме информации во форма на Cookies на Вашиот компјутер или друг уред кој го користите со цел да ја приспособиме посетата на интернет страниците според Вашите потреби и навики.

Сите информации кои се меморираат во рамките на Cookies ќе бидат искористени само за потребите на web-сајтот и тоа на начин на кој Вашата приватност нема да биде загрозена односно компромитирана.

Со пристапувањето односно користењето на оваа веб-страница, се смета дека сте запознаени, т.е. се согласувате односно ги прифаќате одредбите  наведени во Политиката за приватност на Друштвото.

Зошто користиме колачиња (Cookies)?

На нашата веб-страница користиме колачиња (Cookies) од следниве причини:

  1. За техничко функционирање на веб-страницата;
  2. За собирање на збирни и анонимни статистички податоци;
  3. За да ги запомниме Вашите преференции за јазик;
  4. За да запомниме/да се потсетиме дали се согласувате (или не) со нашето користење на колачиња (cookies) на оваа веб-страница;
  5. Воедно собираме податоци за што користиме услуга од трета страна Google Analytics, да собереме стандардни информации за пристапот и детали за однесувањето на посетителите, но на начин без да може некој да биде идентификуван, ниту е овозможено Google да го открие идентитетот на оние кои ја посетиле нашата веб-страна;
  6. Се собираат колачиња за што се користи услуга од трета страна Facebook, за функционирање на дополнителниот модул за Live chat.

Кога ја посетувате нашата веб-страница, можеме да собереме и некои други информации односно  податоци од Вашето пребарување, како на пример: IP адресата, која содржина од веб-страницата на Друштвото сте ја посетиле, кога сте ја посетиле и од која веб-страница сте биле пренасочени.

Кога ја посетувате нашата веб-страна, користиме услуга на трета страна Google Analytics да собереме стандардни информации за пристапот и детали за однесувањето на посетителите, но на начин без да може некој да биде идентификуван, ниту е овозможено Google да го открие идентитетот на оние кои ја посетиле нашата веб страна.

Каков вид на колачиња (Cookies) користиме?

Користиме постојани колачиња (Cookies), кои го паметат пребарувањето/сесијата кога корисникот ќе го исклучи пребарувачот, со цел да се задржи состојбата на корисникот.

При првото пристапување кон нашата веб-страница имате можност да се запознаете со видот на колачињата и со можноста да одберете какви колачиња ќе дозволите да се постават на Вашиот уред. За таа цел се појавува посебен прозорец (pop-up) со информации за колачиња.

Изборот на cookies  исто така може да го правите преку опцијата – Cookie settings, на почетниот екран од веб-сајтот на Друштвото.

 

Информации како да ги оневозможите колачињата за сите веб-сајтови

Менито Help („помош“)  во лентата со алатки на Интернет пребарувачот на вашиот компјутер ги дава следниве информации за корисниците:

 

  • Како да го спречите прифаќањето на нови колачиња во пребарувачот;
  • Како да го поставите пребарувачот да Ве извести кога ќе примите ново колаче;
  • Како целосно да ги исклучите колачињата.

 

Постојат многу онлајн информации за колачиња, како што е: http://www.allaboutcookies.org (на англиски јазик), во случај да сакате да прочитате повеќе.

 

На пример, ако користите Internet Explorer верзија 11.0, морате да го направите следново:

  • Изберете Settings, а потоа Internet Options;
  • Кликнете на табулаторот Privacy;
  • Со помош на лизгачкото мени изберете ги опциите што ги преферирате.

Видеонадзор

Друштвото не врши видеонадзор во ниту еден облик.

Давање на податоци на трети субјекти – обработувачи

Друштвото дава лични податоци од субјектите на лични податоци единствено на субјекти со кои има договорен деловен однос и склучен Договор за сигурност на информациски систем и заштита на обработката на личните податоци, каде детално се регулирани начинот и условите за обработката на истите.

Пренос на лични податоци во други земји

Согласно Закон за заштита на лични податоци, други земји се земји каде е обезбеден соодветен степен на заштита на личните податоци т.е. тоа се земји членки на ЕУ или земји членки на Европскиот економски простор. Друштвото може да врши пренос на лични податоци заради исполнување на Договор во интерес на субјектот на лични податоци меѓу Контролорот и трето лице, и тоа во  земји членки на ЕУ или земји членки на Европски економски простор.

 

Постапување во случај на инцидент/неовластено откривање/загуба на лични податоци

Во случај на сигурносен инцидент, откривање или загуба на лични податоци, Друштвото доколку располага со контакт податоци, ги известува засегнатите субјекти на лични податоци за настанатиот инцидент, а доколку се работи за инцидент од поголеми размери, Друштвото за тоа известува преку јавно соопштение или преку соодветна објава на својот веб-сајт, не подоцна од 72 часа од сознанието за настанатиот инцидент.

 

Контакт податоци:

Контролор КБ Прво пензиско друштво АД Скопје

https://www.kbprvo.com.mk//

contact@kbprvo.mk

02/ 3243777

Офицер за заштита на лични податоци во Друштвото

Име и презиме: Димитар Ѓеорѓиевски

Е-mail: dimitar.gjeorgjievski@kbprvo.com.mk

Контакт мобилен тел.: 070 253 788

Супервизор на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС  http://www.mapas.mk  contact@mapas.mk  02/3224229

Агенција за заштита на личните податоци

АЗЛП  https://dzlp.mk info@privacy.mk  02/3230635

Оваа Политика влегува во сила од денот на донесувањето. Оваа Политика, како и новите и/или изменети верзии на истата ќе бидат јавно објавени на веб-страната на Друштвото.

 

УПРАВЕН ОДБОР

Претседател

Весна Стојановска