Податоци за распределени членови

Доколку сте осигуреник кој за првпат пристапил во задолжително пензиско и инвалидско осигурување на 1.1.2003 година или потоа, и во законскиот рок од 3 месеци по вработувањето не сте склучиле договор за членство со ниту едно друштво за управување со пензиски фондови, во согласност со Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување, Вие сте распределен член, во еден од двата пензиски фонда од страна на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС во соработка со Фондот на ПИОСМ.
Агенцијата го известува секој времено распределен осигуреник за Задолжителниот пензиски фонд во кој е времено распределен, како и за правата и обврските кои произлегуваат од членството.
Доколку веќе имате добиено известување дека сте распределен член на КБ Прв отворен задолжителен пензиски фонд – Скопје, а сè уште не сте ги доставиле своите лични податоци во Друштвото, Ве молиме за следното:

1. Испечатете го Формуларот за лични податоци на распределени членови и читливо пополнете го истиот со печатни букви;
2. Потпишете го Формуларот своерачно;
3. Целосно пополнетиот и своерачно потпишан Формулар доставете го во просториите на Друштвото – КБ Прво пензиско друштво АД Скопје, Ул.Митрополит Теодосиј Гологанов бр.6, 1000 Скопје (лично или по пошта).

Со самото доставување на коректно пополнетиот Формулар, Вашите податоци ќе бидат внесени во Регистарот на членови на КБ Прв отворен задолжителен пензиски фонд – Скопје, со цел да добивате редовни известувања за состојбата на Вашата индивидуална сметка и други известувања кои во согласност со Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување, Друштвото ги доставува на своите членови.