Поврат на персонален данок на доход на членовите со доброволна индивидуална сметка

Во согласност со Законот за доброволно капитално финансирано пензиско осигурување, член на Доброволен пензиски фонд кој има доброволна индивидуална сметка и уплатува сопствени средства кои претходно се оданочени со персонален данок, има право на поврат на персоналниот данок на доход пресметан на износот на уплатениот придонес во Доброволниот пензиски фонд.

Износот на кој се пресметува повратот за една календарска година не може да биде поголем од четири просечни месечни бруто-плати во Република Македонија, објавени за претходната година.
Повратот на персоналниот данок на доход на овие членови се врши на годишно ниво директно на нивната доброволна индивидуална сметка во Пензискиот фонд со доставување на барање за поврат на данок од страна на членот или физичкото лице за сметка на членот.

Правото на враќање на данокот се однесува и во случаите кога трето физичко лице во име на членот на Доброволниот пензиски фонд уплатило средства на неговата индивидуална сметка, а истите претходно се оданочени со персонален данок.