Надоместоци за членство на КБ Прв отворен задолжителен пензиски фонд – Скопје (втор пензиски столб)

Надоместоци што ги наплаќа КБ Прво пензиско друштво АД Скопје 1*:
Тип на тековно наплатуван надоместок
износ

Надоместок од придонес 1*

2,00%

Месечен надоместок од вредноста на нето средства на Фондот 1*

0,03%

Надоместок за премин
износ

Број на денови ≤ 720

15 Евра

Број на денови > 720

Не се наплатува надоместок

*Приносот на Вашата индивидуална сметка е променлив и зависи од приносот на Вашиот задолжителен пензиски фонд и од надоместоците наплатени од Вашето друштво кое управува со задолжителниот пензиски фонд.

Појаснување:

Надоместок од придонес – се наплатува како процент од секој уплатен придонес во КБ Прв отворен задолжителен пензиски фонд – Скопје, пред претворање на средствата во сметководствени единици.

Месечен надоместок од вредноста на нето средства на Фондот – пресметката на надоместокот се врши на секој датум на проценка на средствата на КБ Прв отворен задолжителен пензиски фонд – Скопје и се наплатува петтиот работен ден  во месецот по проценката

Надоместокот за премин се наплатува само при премин во друг задолжителен пензиски фонд и е определен врз основа на бројот на денови од датумот кога членот се стекнал со статус на член во постојниот пензиски фонд до датумот на пренос на средствата на индивидуалната сметка во идниот задолжителен пензиски фонд.

КБ Прво пензиско друштво АД Скопје има обврска да плати: 
Надоместок
висина на надоместок

Месечен надоместок на Агенцијата за супервизија на капитално финасирано пензиско осигурување – МАПАС 2

0,8% од уплатените придонеси  во задолжителниот пензиски фонд

Надоместок на банка чувар на имот 3

0,034% годишно од вкупните нето средства на задолжителниот пензиски фонд**

Месечен надоместок кон Фонд за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија(Фонд на ПИОCМ)

0,1% од уплатените придонеси во задолжителниот пензиски фонд

Надоместокот што Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС го наплаќа од КБ Прво пензиско друштво АД Скопје и надоместокот за работите што ги врши чуварот на имотот се на товар на Друштвото.

Трансакциони провизии Износ во денари Износ / Нето вредност на средствата на доброволниот пензиски фонд % Износ на трошок  по една сметководствена единица

Вкупен износ на трансакциони провизии платени од КБ Прв отворен задолжителен пензиски фонд – Скопје во периодот 01.01.2021 – 31.08.2021

 

2,494,218.51 0,005% 0,012

Извор: КБ Прво пензиско друштво АД Скопје 

Трансакциони провизии се надоместокот за берза на хартии од вредност, надоместокот за депозитар на хартии од вредност и провизијата за правните лица кои вршат услуги со хартии од вредност непосредно поврзани со тргување со средствата на задолжителните пензиски фондови.