Надоместоци

Надоместоци што ги наплаќа КБ Прво пензиско друштво АД Скопје 1*:
Тип на тековно наплатуван надоместок
износ

Надоместок од придонес 1*

2,9%**

Месечен надоместок од вкупни нето средства на Фондот 1*

0,075%

 Надоместок за премин
износ
Број на денови ≤ 360 10 Евра
Број на денови > 360 Не се наплатува надоместок

Појаснување:* Приносот на Вашата доброволна индивидуална сметка и/или професионална сметка е променлив и зависи од приносот на Вашиот доброволен пензиски фонд и од надоместоците наплатени од Вашето друштво кое управува со доброволниот пензиски фонд.
** Доколку сте член на КБ Прв отворен доброволен пензиски фонд – Скопје преку професионална пензиска шема, информација за точната висина на наплатуваниот надоместок од уплатени придонеси на Вашата професионална сметка можете да добиете кај Вашиот работодавец кој ја основа и финансира професионалната пензиска шема во која Вие учествувате. Надоместокот од уплатени придонеси е дефиниран со договорот за професионална пензиска шема склучен помеѓу Вашиот работодавец и КБ Прво пензиско друштво АД Скопје и Правилата за организирање и финансирање на професионалната пензиска шема.

Надоместок од придонес – се наплатува како процент од секој уплатен придонес во КБ Прв отворен доброволен пензиски фонд – Скопје, пред претворање на средствата во сметководствени единици.

Месечен надоместок од вредноста на нето средства на Фондот – пресметката на надоместокот се врши на секој датум на проценка на средствата на КБ Прв отворен доброволен пензиски фонд – Скопје и се наплатува еднаш месечно

Надоместокот за премин се наплатува само при премин во друг доброволен пензиски фонд и е определен врз основа на бројот на денови од датумот кога членот се стекнал со статус на член во постојниот доброволен до датумот на пренос на средствата на доброволната индивидуална сметка или професионална сметка на членот во идниот доброволен пензиски фонд.

КБ Прво пензиско друштво АД Скопје има обврска да плати:

Надоместок
висина на надоместок

Месечен надоместок на Агенцијата за супервизија на капитално финасирано пензиско осигурување – МАПАС 2

0,80% од секој уплатен придонес во претходниот месец во доброволниот пензиски фонд

Надоместок на банка чувар на имот 3

0,06% годишно од средства на доброволниот пензиски фонд***

Надоместокот што Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС го наплаќа од КБ Прво пензиско друштво АД Скопје и надоместокот за работите што ги врши чуварот на имотот се на товар на Друштвото.

 

Трансакциони провизии Износ во денари Износ / Нето вредност на средствата на задолжителниот пензиски фонд % Износ на трошок по една сметководствена единица
Вкупен износ на трансакциони провизии платени од КБ Прв отворен доброволен пензиски фонд – Скопје во периодот 01.01.2020 – 31.07.2020 11.238,53 0,001% 0,002

Извор: КБ Прво пензиско друштво АД Скопје

Трансакциони провизии се надоместокот за берза на хартии од вредност, надоместокот за депозитар на хартии од вредност и провизијата за правните лица кои вршат услуги со хартии од вредност непосредно поврзани со тргување со средствата на доброволните пензиски фондови.

1,2,3 извор www.mapas.mk