Лична карта

КБ Прво пензиско друштво АД Скопје  е основано и регистрирано во мај 2005 година, во согласност со Законот за трговски друштва и Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување. Компанијата работи во рамките на вториот и третиот столб на реформираниот пензиски систем односно со  задолжителни и доброволни пензиски заштеди. На крајот на 2009 година КБ Прво пензиско друштво започна со доброволното пензиско осигурување или 3 столб, заштеда за пензии за компании и/или поединци.

Друштво за управување со задолжителни и доброволни пензиски фондови

Пензиски фондови:

КБ Прв отворен задолжителен пензиски фонд – Скопје

КБ Прв отворен доброволен пензиски фонд – Скопје

Надзорен одбор на друштвото:

Претседател и член – Аленка Жнидаршич Крањц

Член – Маја Стевкова Штериева

Член – Јанез Крањц

Независен член – Марко Андонов

Независен член – Маријан Шунта

Управен Одбор на Друштвото:

Претседател и член на Управен одбор – Весна Стојановска

Член на Управен одбор – Предраг Милошевски

Адреса: бул. Илинден бр 1, 1000 Скопје, Република Македонија

(спроти Влада на РМ)

Сопственичка структура:

Skupina Prva zavarovalniski holding d.d. Ljubljana (51%)

Комерцијална банка АД Скопје (49%)

Датум на регистрација: 19 Мај 2005

Основна главнина: 110,5 милиони денари (1,8 милиони €)

Банка чувар на имот: Шпаркасе банка Македонија АД Скопје