Кој може да биде член на КБ Прв отворен доброволен пензиски фонд – Скопје?

– Сите лица кои се на возраст од 15 до 70 години и немаат остварено право на пензија во согласност со Законот за пензиско и инвалидско осигурување, ниту, пак, се корисници на истата, односно лица кои не повлекуваат средства во согласност со Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување и не остваруваат пензиски надоместок во согласност со Законот за доброволно капитално финансирано пензиско осигурување.
– Работниот однос не е предуслов за членување, па затоа членови можат да бидат и лица кои се невработени, вработени на проекти или во странски мисии, долгорочно невработени лица, лица кои немаат приходи по ниедна основа, лица за кои ќе биде уплатуван дополнителен пензиски придонес – брачни другари, членови на семејството и слично.
– Вработени лица кои сакаат и можат дополнително да штедат за пензија, преку сопствени уплати на доброволен придонес, уплата на придонес од трето лице или придонес уплатен од работодавец за членство стекнато преку професионална пензиска шема

*Член не може да биде лице кое е корисник на пензија во согласност со Законот за пензиско и инвалидско осигурување, кое повлекува средства во согласност со Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување или остварува пензиски надоместок во согласност со Законот за доброволно капитално финансирано пензиско осигурување.