Кој може да биде агент?

Тимот агенти на КБ Прво пензиско друштво го сочинуваат лица од разни профили и возраст. Секој од овие агенти располага со знаење за реформираниот пензиски систем и работата на Друштвото и е обучен за настап на пазар и односи со клиенти. Високо квалитетниот тим на КБ Прво пензиско друштво обезбедува добра координација и успешно работење на секој кој сака да биде агент.

За да се стекне статус на агент на КБ Прво пензиско друштво АД Скопје, лицето треба да ги исполнува следниве услови:

– Да е државјанин на Р.Македонија или ако е странец да има регулиран статус на странец во Република Македонија согласно закон;

– Да има завршено минимум средно образование;

– Да не е вработено во: Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија, Фондот за здравствено осигурување на Македонија, Агенцијата за вработување на Република Македонија, Управата за јавни приходи и агенции за привремени вработувања;

– Да не му е изречена прекршочна санкција – Забрана за вршење на професија, дејност или должност во областа на економијата, финансиите, осигурувањето, банкарството и правото;

– Да има положено испит за агент организиран од Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување.*

Агентите на КБ Прво пензиско друштво извршуваат активности чија цел е рекламирање на карактеристиките на реформираниот пензиски систем, зачленување и премин на членови од друг задолжителен пензиски фонд во КБ Прв отворен задолжителен пензиски фонд – Скопје односно од друг доброволен пензиски фонд во КБ Прв отоворен доброволен пензиски фонд – Скопје, како и активности кои се извршени со цел обезбедување на услуги и информации или објективно и навремено обезбедување на податоците поврзани со работењето на Друштвото, на постоечките и/или идни членови на Фондовите, било во или надвор од Друштвото или филијалите, директно или преку соодветен вид на комуникација ( телефон ,факс, интернет).

*Испитот за стекнување на својство на агент го организира и спроведува Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС. Испитот се организира најмалку 2 пати годишно во месеците мај и ноември. Врз основа на сопствена проценка, Агенцијата може да организира испит почесто од два пати годишно.

Доколку сте заинтересирани да станете агент на КБ Прво пензиско друштво пополнете ја пријавата за агент или контактирајте нè на нашите контакт телефони или e-mail.