Како можете да вршите уплата на доброволен пензиски придонес?

– Со директна уплата во банка од Вашата трансакциска сметка;
– Со уплата од трансакциска сметка на трето лице – уплатувач, во случај кога трето лице ќе врши уплата на доброволен пензиски придонес на Вашата доброволна индивидуална сметка*;

*Уплатувач не смее да биде лице кое е корисник на пензија во согласност со Законот за пензиско и инвалидско осигурување, кое повлекува средства во согласност со Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување или остварува пензиски надоместок во согласност со Законот за доброволно капитално финансирано пензиско осигурување

– Со траен налог во банка;
– Преку интернет-банкарство на Комерцијална банка АД Скопје или други банки;

За професионални пензиски шеми уплатата ја врши работодавецот од неговата трансакциска сметка.