Како да стенете член?

Зачленувањето во КБ Прв отворен задолжителен пензиски фонд – Скопје  претставува брза, лесна и  едноставна постапка.

Искористете ја Вашата можност за избор на задолжителен пензиски фонд и станете член на КБ Прв отворен задолжителен пензиски фонд – Скопје преку склучување на договор за членство со овластен агент на КБ Прво пензиско друштво.
Член на КБ Прв отворен задолжителен пензиски фонд – Скопје може да станете  преку склучување на договор за членство со овластен агент на КБ Прво пензиско друштво.
Сите лица кои  припаѓаат во една од категориите на лица  кои имаат право да склучат  договор за членство, можат тоа да го сторат на еден од  следниве начини:

  1. Јавете се на бројот 02/32 43 772 или 02/32 43 777 и побарајте да Ви испратиме агент на локација и во термин кој Вас најмногу Ви одговара;
  2. Пополнете on-line барање и во најбрз можен рок ќе Ве контактира лице од КБ Прво пензиско друштво
  3. Посетете ги работните простории на КБ Прво пензиско друштво АД Скопје (Ул.Митрополит Теодосиј Гологанов бр.6, 1000 Скопје)
  4. Појдете во продажните места на КБ Прво пензиско друштво АД Скопје

ВАЖНО: За склучување на договор за членство во КБ Прво пензиско друштво потребно е со себе да имате документ за лична идентификација (важечка лична карта или пасош).