Како да станете член на КБ Прв отворен доброволен пензиски фонд?

– Потпишете договор за членство со овластен агент на Друштвото и со првата уплата на доброволниот придонес ќе се стекнете со статус на член;

– Потпишете договор за членство со овластен агент на Друштвото и друго лице кое ќе ја финансира Вашата доброволна индивидуална сметка и со првата уплата ќе се стекнете со статус на член;

– Потпишете изјава за согласност во професионална пензиска шема што ја организира и финансира Вашиот работодавец и со првата уплата на доброволен придонес на Вашата професионална сметка ќе се стекнете со статус на член;

Напомена: Организирањето на професионална пензиска шема од страна на Вашиот работодавец и Вашето вклучување во неа е одлука на Вашиот работодавец.