Известување за измена на статутот на КБ Прв отворен задолжителен пензиски фонд – скопје и статутот на КБ Прв отворен доброволен фонд – скопје и промена на седиште на КБ Прво пензиско друштво АД Скопје

 

 

 

И З В Е С Т У В А Њ Е ЗА ИЗМЕНА НА СТАТУТОТ НА КБ ПРВ ОТВОРЕН
ЗАДОЛЖИТЕЛЕН ПЕНЗИСКИ ФОНД – СКОПЈЕ и СТАТУТОТ НА КБ ПРВ ОТВОРЕН
ДОБРОВОЛЕН ФОНД – СКОПЈЕ И ПРОМЕНА НА СЕДИШТЕ НА КБ ПРВО ПЕНЗИСКО
ДРУШТВО АД СКОПЈЕ

 

КБ Прво пензиско друштво АД Скопје изврши измени на Статутот на задолжителниот пензиски фонд и Статутот на доброволниот пензиски фонд со кои управува.
Измената на Статутот на задолжителниот пензиски фонд се однесува на промена на седиштето на Друштвото и седиштето на задолжителниот пензиски фонд и усогласување на Статутот со измените на Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување.
Измената на Статутот на доброволниот пензиски фонд се однесува на промена на седиштето на Друштвото и седиштето на доброволниот пензиски фонд.
Седиштето на Друштвото, задолжителниот и доброволниот пензиски фонд почнувајќи од 25.03.2019 г. е на ул. Митрополит Теодосиј Гологанов Бр. 6 Скопје.
Сите заинтересирани лица можат да извршат увид во Статутот на Задолжителниот пензиски фонд и Статутот на доброволниот пензиски фонд на интернет страната на КБ Прво пензиско друштво АД Скопје (www.kbprvo.com.mk).
Со почит,
КБ Прво пензиско друштво АД Скопје