Замени и засади

Заменете го зелениот плик со добивање на вашиот годишен извештај по пат на електронска пошта и заштитете ја животната средина!

Повеќе зеленило, почист воздух, подобрување на здравјето на граѓаните, подобрување на микроклимата, зачувување на биолошката разновидност и уште многу други придобивки се впишуваат на листата позитивни ефекти коишто би се случиле во животната средина со засадување на повеќе дрвја.

Да придонесеме заедно за поздрава животна средина и почист воздух.

Поддржете ја нашата мисија “Замени и засади” и дајте придонес во зачувување и унапредување на животната средина.

Одберете полесен и поефикасен начин за комплетен увид на состојбата на средствата на вашата индивидуална сметка, заменете го вашиот зелен плик со добивање на електронски извештај и вклучете се во нашата мисија за засадување на што повеќе дрвја.

Регистрирајте се за добивање на вашиот годишен извештај на е-адреса на следните начини:

 

  1. Доколку веќе имате ажурирана активна е-адреса, следете ги инструкциите од визуелно упатство за добивање на годишниот извештај преку е-адресата и користете ги повеќекратните придобивки од навремено информирање за вашите средства​;
  1. Доколку сè уште немате активна е-адреса, а сте член на задолжителниот или доброволниот пензиски фонд, пополнете го и потпишете го своерачно oбразецот Барање за ажурирање/корекција на податоци, кој електронски се доставува до друштвото на contact@kbprvo.com.mk. Друштвото ќе ги направи измените наведени во барањето со телефонски разговор и потврда од страна на клиентот;
  1. Доколку сте компанија и имате професионална пензиска шема, за да го добивате вашиот извештај на е-адреса потребно е да го пополните Формуларот за известување на осигурител по пат на електронска пошта.Пополнетиот и потпишан формулар можете да го доставите во оригинална форма по пошта до КБ Прво пензиско друштво АД Скопје на адреса Ул. Митрополит Теодосиј Гологанов бр.6, 1000 Скопје или лично во која било од експозитурите на Комерцијална банка АД Скопје и Шпаркасе Банка АД Скопје што се наведени на нашата интернет-страница во менито „Продажна мрежа“.