ДОБИВАЈТЕ ГО ВАШИОТ ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ НА ВАШАТА E-MAIL АДРЕСА!

КБ Прв отворен задолжителен пензиски фонд – Скопје

Доколку сте член на од Вториот пензиски столб  изберете го полесниот и подобар начин за комплетен увид на средствата на вашата индивидуална сметка и добивајте го вашиот извештај на е-маил и тоа:

  1. Со пополнување на Формулар за известување на член по пат на електронска пошта и
  2. Доколку веќе имате ажурирана активна е-адреса, следете ги инструкциите од визуелно упатство за добивање на годишниот извештај преку е-пошта и користете ги повеќекратните придобивки од навремено информирање за Вашите средства​.

КБ Прв отворен доброволен пензиски фонд – Скопје

Доколку сте член   во Третиот пензиски столб,

  1. Како член со доброволна индивиудална сметка, имате можност Вашиот извештај да го добиете на е-адреса со едноставно пополнување на Формулар за известување на член по пат на електронска пошта, или
  2. Доколку сте компанија и имате професионална пензиска шема за да го добивате вашиот извештај на е-адреса потребно е да го пополните Формуларот за известување на осигурител по пат на електронска пошта.

Пополнетиот и потпишан формулар можете да го доставите во оригинална форма по пошта до КБ Прво пензиско друштво АД Скопје на адреса Ул.Митрополит Теодосиј Гологанов бр.6, 1000 Скопје или лично во која било од експозитурите на Комерцијална банка АД Скопје и Шпаркасе Банка АД Скопје што се наведени на нашата интернет-страница во менито „Продажна мрежа“.