Вашата сигурност

Сигурноста на средствата на членовите на КБ Прв отворен задолжителен пензиски фонд – Скопје управуван од КБ Прво пензиско друштво, како дел од реформираниот пензиски систем е гарантирана од повеќе аспекти:

 

1. Стручноста, искуството, големината и реномето на основачите на КБ Прво пензиско друштво кое управува со Вашите средства, Ви даваат дополнителна гаранција и сигурност за негово успешно работење при управувањето со Фондовите.
Комерцијална банка АД Скопје со своето долгогодишно успешно работење и водечка позиција во банкарскиот систем во Република повеќекратно потврдувана со меѓународни награди од финансиски институции и списанија.
Прва покојнинска дружба д.д. Љубљана, на 06.11.2007 година реорганизирана во Skupina Prva zavarovalniski holding d.d. Ljubljana, има  повеќегодишното директно искуство во пензиското осигурување и  го шири своето работење во задолжителното и доброволното пензиско осигурување во земјите од Југоисточна Европa.

 

2. Професионално управување со Вашите средства, за нивна сигурност и остварување на принос. Со вашите средства управува високопрофесионален, стручен и искусен тим, вложувајќи ги во сигурни финансиски инструменти согласно законските прописи, што овозможува сигурност и принос на вложените средства.

 

3. Инвестирање на Вашите средства согласно строги законски прописи со цел остварување на највисок принос единствено во полза на членовите и пензионираните членови и преку диверзификација и финансиска анализа да се минимизира ризикот од загуби. Средствата на КБ Прв отворен задолжителен пензиски фонд – Скопје се инвестираат под постојан надзор на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС, а банката чувар на имот безбедно ги чува одвоено од средствата на Друштвото.
 

4. Средствата на КБ Прв отворен задолжителен пензиски фонд – Скопје, согласно закон, не може да се користат во постапка на порамнување или стечај на Друштвото, да се даваат во залог, асигнација или да се пренесуваат во полза на трети лица освен во случаи што се стриктно наведени со Законот.
5. Државна гаранција од Буџетот на РМ до износ од 80% од средствата на сметките на членовите во случај на измама, кражба или проневера.

 
6. Агенцијата за супервизија на капитално финансираното пензиско осигурување – МАПАС е основана заради вршење супевизија на работењето на друштвата за управување со пензиските фондови и на пензиските фондови со крајна цел да ги заштити интересите на нивните членови. Исто така, МАПАС врши супервизија на работењето на чуварите на имот и на странските менаџери и ги надгледува нивните финансиски извештаи во согласност со важечките закони и регулативи. Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување има својство на правно лице и за својата работа одговара пред Владата на Република Македонија.