ЗА НАС

 

Иднината, денес, значи планирање на нашиот живот денес, со одговорност кон нашата и иднината на нашите најблиски. Вложувањето во Пензиските фондови со кој управува КБ Прво пензиско друштво е вложување во сопствената иднина.

КБ Прво пензиско друштво произлезе од реформите во пензискиот систем во Република Македонија и негова основна дејност е управување со пензиски фондови.

Нашата цел е да создадеме вредност за членовите на Фондовите со кој управуваме, да ги заштитиме нивните интереси, да овозможиме сигурност на нивните средства и да создадеме профит со соодветно инвестирање. Работејќи на остварување на својата цел, КБ Прво пензиско друштво, на сите сегашни и идни членови на Фондовите им нуди:

СИГУРНОСТ – работејќи согласно строгите законски одреби како и заради контролата од страна на институциите кои се инволвирани во реформираниот пензиски систем (Агенција за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување и банката чувар)

СТАБИЛНОСТ - затоа што КБ Прво пензиско друштво произлегува од партнерството на SkupinaPrvazavarovalniskiholdingd.d. Ljubljana и Комерцијална банка АД Скопје, кои создадоа идеален спој на сигурност со голема банкарска традиција, знаење и искуство во управување со пензиски фондови;

СПЕЦИЈАЛИЗИРАНОСТ ВО РАБОТЕЊЕТО – затоа што со Друштвото раководат искусни и стручни лица, а негова основна дејност е управување со пензиски фондови

ОРГАНИЗИРАНОСТ И ДОСТАПНОСТ – затоа што располага со широко распространета мрежа на обучени агенти, преку кои секој граѓанин може да дојде до точни информации за производот што го нуди

ТРАНСПАРЕНТНОСТ ВО РАБОТЕЊЕТО – затоа што секогаш е отворено за комуникација и достапно за членовите кои во секое време имаат увид во своите средства и нивното оплодување

Во конкурентскиот настап на друштвата на пазарот, КБ Прво пензиско друштво се однесува коректно, почитувајќи ги принципите на добро деловно однесување и фер игра.

Нашата визија е КБ Прво пензиско друштво да биде лидер на пазарот на пензиското осигурување во Републиката, препознатливо по своите етички принципи, висока стручност и професионалност во работењето, со единствена цел остварување добробит за сите свои членови.



Ваш коментар