ЗА ЧЛЕНОВИТЕ

АКТИВНА ГРИЖА ЗА ЧЛЕНОВИТЕ
 
Во своето работење, КБ Прво пензиско друштво настојува целосно да ја оправда Вашата доверба бидејќи Вие сте причина за неговото постоење.
 
Нашето Друштво е секогаш отворено за комуникација со Вас и достапно за било какви прашања и коментари, при тоа градејќи долгорочен и квалитетен однос со секој член поединечно и верувајќи дека единствено на тој начин се постигнува успех во она што го работиме.
 
На сите Вас, кои го избравте КБ Прво пензиско друштво и оние кои во иднина ќе го изберат, Ви овозможуваме целосен увид во Вашите средства при тоа водејќи сметка за можностите на секој член на Фондот со кој управуваме за пристап кон овие информации и воедно наоѓајќи соодветно решение за секој од Вас.
 
Согласно нашата дефинирана цел – да бидеме отворени, директни и транспарентни во работењето во секое време (24 часа на ден, 365 дена во годината) – Ви ги овозможуваме следните привилегии и законски права:
 
-     Увид во Вашата сметка
-     Промена на лични податоци
-     Остварување на правата
-     Информирање
-     Поплаки
-     Податоци за распределени членови
 
Ви благодариме за искажаната доверба и се надеваме на долга и плодна соработка.
 
 

Ваш коментар