ЗА АГЕНТИТЕ

Поставувајќи ги во преден план членовите на Пензиските фондови со кој управуваме, а нивното задоволство и идна благосостојба како наша единствена цел, нашите континуирани напори се насочени кон градење и усовршување на нашиот тим што ќе одговори на поставените цели.

 

Имајќи предвид дека агентите се првите кои стапуваат во контакт со потенцијалните членови на Пензиските фондови, тие се иницијална слика на КБ Прво пензиско друштво и неговото работење. 

 

Затоа, нашите агенти се карактеризираат со виско ниво на професионалност, стручност и етика во работењето, а искуството е тоа што ги прави посебни агентите на КБ Прво пензиско друштво.

 

Агент може да биде секое лице кое ќе се стекне со задоволителен степен на знаење за реформираниот пензиски систем и работата на КБ Прво пензиско друштво, ќе ги прифати принципите и начелата на нашето работење, лице кое поседува високи комуникациски и организациски способности кои во понатамошната работа ќе бидат надградувани и усовршувани преку обуки и тренинзи организирани од  КБ Прво пензиско друштво.

 

 

 

 

 


Ваш коментар