Членовите со бенифициран стаж, при промена на осигуренички статус можат да пристапат во вториот столб од пензискиот систем во Македонија

 
    Во Законот за пензиско и инвалидско осигурување за осигурениците од глава IV (осигуреници од одбраната и внатрешни работи, казнено-поправни установи и воспитно-поправни домови) кои имаат бенифициран стаж, не беше дозволено вклучување во задолжителното капитално финансирано пензиско осигурување (втор столб). Со измените и дополнувањата на Законот од 28 декември 2007 г. на овие осигуреници поради промената на својството на осигуреник во текот на работниот стаж, им се дозволува еднаш, по сопствен избор да го отповикаат утврдениот статус. Ова право осигуреникот може да го изврши најдоцна во рок од три месеци од настанатата промена.

 

Осигурениците/членови кои својството на осигуреник го промениле пред влегување во сила на Законот за измената и дополнување на Законот за пензиско и инвалидско осигурување, отповикување на статусот можат да го направт во рок од три месеца од денот на влегување на сила на овој Закон, односно 28.12.2007 година.

 

Извор: www.mapas.gov.mk



Ваш коментар