ПОДАТОЦИ ЗА РАСПРЕДЕЛЕНИ ЧЛАНОВИ

 

 

Доколку сте осигуреник кој за првпат пристапил во задолжително пензиско и инвалидско осигурување на или по 01.01.2003 година и во законскиот рок од 3 месеци по вработувањето не сте склучиле договор за членство со ниту едно друштво за управување со пензиски фондови, согласно Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување, Вие сте распределен член по случаен избор, во еден од двата пензиски фонда од страна на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување.

По истекот на 3 месеци од Вашето пристапување во осигурување, Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување е должна писмено да Ве извести и да Ве упати во друштвото кое управува со фондот во кој сте распределени.
 
Доколку веќе имате добиено известување дека сте распределен член на КБ Прв отворен задолжителен пензиски фонд - Скопје, а сеуште не сте ги доставиле своите лични податоци во Друштвото, Ве молиме за следното:
 
1.Испечатете го Формуларот за лични податоци на распределени членови  и читливо пополнете го истиот со печатни букви;
 
2.Потпишете го Формуларот своерачно;
 
3.Целосно пополнетиот и своерачно потпишан Формулар доставете го во просториите на Друштвото - КБ Прво пензиско друштво АД Скопје, бул. Илинден бр.1, 1000 Скопје (лично или по пошта).
 
Со самото доставување на коректно пополнетиот Формулар, Вашите податоци ќе бидат внесени во Регистарот на членови на КБ Прв отворен задолжителен пензиски фонд - Скопје, со цел да добивате редовни известувања за состојба на Вашата индивидуална сметка и останати известувања кои согласно Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување, Друштвото ги доставува на своите членови.

        
Формулар за ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ НА РАСПРЕДЕЛЕН ЧЛЕН



Ваш коментар