ПРОМЕНА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

 
Со цел точно и навремено доставување на редовните известувања за состојба на индивидуална сметка кои Друштвото Ви ги доставува на домашна адреса, имаме потреба од целосно точни и навремено ажурирани податоци во Регистарот на членови, како би можеле да имаме навремена, редовна и успешна комуникација со секој од Вас.
Покрај Вашата можност директно телефонски да се консултирате со нас за да добиете инструкции околу промената на Вашите лични податоци, истото може да го направите и на следниот начин:

 

1.Пополнете го Формуларот за ажурирање на лични податоци

2.Заедно со фотокопија од документ за лична идентификација (лична карта, патна исправа или извод од матична книга на родени не постар од 6 месеци) и пополнета Изјава за согласност за користење на Вашите лични податоци доставете ги документите во просториите на Друштвото - КБ Прво пензиско друштво АД Скопје, бул. Илинден бр.1, 1000 Скопје.
 
Доколку не се согласувате да доставите фотокопија од лична карта или друг документ за лична идентификација заедно со пополнета и своерачно потпишана изјава, корекцијата на ЕМБГ во Вашиот договор за членство може да се изврши на еден од следните начини:
 
Ве молиме да не посетите во просториите на Друштвото (на горенаведената адреса), за да се изврши непосреден увид во Вашиот документ за лична идентификација од страна на овластено лице на Друштвото
 

ИЛИ:
 

Пополнете го Формуларот за ажурирање на лични податоци и истиот, своерачно потпишан, доставете го на адреса на Друштвото, по пат на препорачана пошта.

 


 
Напомена: Постапката за корекција на податоци во договор за членство е пропишана од страна на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување во Инструкцијата за корекција и ажурирање на податоци. 

Формуларот за ажурирање на лични податоци
 

Изјава за согласност за користење на Вашите лични податоци
 



Ваш коментар