ПОПЛАКИ

 

Со цел да оствари долгорочен и квалитетен однос со членовите на Фондот со кој управува, КБ Прво пензиско друштво воспостави постапка за прием, обработка и одговор на сите барања, забелешки, коментари или поплаки од Ваша страна. Веруваме дека, доколку постојат било какви недоразбирања, ќе ги решиме единствено на овој начин, заради одржување на довербата на членовите.

Доколку имате забелешки за било кој дел од работењето на КБ Прво пензиско друштво АД Скопје, Ве молиме пополнете го Формуларот за поплаки, потпишете го своерачно и истиот доставете го на адреса на Друштвото, по пошта или лично во нашите простории на следната адреса:

 КБ Прво пензиско друштво АД Скопје, бул.Илинден бр.1, 1000 Скопје.

Формуларот можете да го доставите и на факс на Друштвото или по електронски пат, на контакт e-mail-от на Друштвото.
КБ Прво пензиско друштво ќе ја разгледа и ќе достави одговор на секоја пристигната поплака, на домашна адреса на членот.
 


Ваш коментар