УВИД ВО ВАШАТА СМЕТКА

Согласно Законот за капитално финансирано пензиско осигурување, Друштвото е должно еднаш годишно (најдоцна до 31.01.*) да достави извештај за состојба на индивидуалната сметка, на домашна адреса на своите членови.
Меѓутоа, Вие, како член на задолжителниот пензиски фонд со кој управува КБ Прво пензиско друштво, имате привилегија и можност за увид во Вашите средства во секое време, на еден од следните начини:

  • -Телефонско јавување – 02/ 32 43 777 (секој работен ден 08:00 – 16:00) со што ќе добиете упатство за најбрзиот начин за увид во Вашата сметка;
  • -Интернет проверка
  • -По писмен пат (пополнете Барање за извештај за состојба на индивидуална сметка, потпишете се своерачно и доставете го на наша адреса: бул. Илинден бр.1, 1000 Скопје, лично или по пошта)
Друштвото не наплаќа надомест за извршување на услугите што им ги нуди на своите членови. Друштвото може да наплати надоместок за писменото известување на барање од членот, но само до висината на трошоците за печатење и поштенските трошоци.


* за состојба на индивидуална сметка на 31.12. претходна година

 

Како Друштво чијашто цел е континуирано, едноставно и на брз начин да ги информира членовите на Задолжителниот пензиски фонд со кој управува, Ве известуваме дека имате нова можност за достава на законските и други известувања за членовите на Пензискиoт фонд по пат на електронска пошта (e-mail).
Се што треба да направите е да го пополните Формуларот за известување по електронска пошта на членовите на задолжителниот фонд и да ја наведете e-mail адресата на која сакате да Ви бидат доставувани известувањата.
Пополнетиот и потпишан формулар можете да го доставите (лично или по пошта) до КБ Прво пензиско друштво АД Скопје на адреса Бул. Илинден бр.1, 1000 Скопје или во било која експозитурите на Комерцијална банка АД Скопје што се наведени на нашата интернет страна односно на линкот http://www.kbprvo.com.mk/web/guest/mreza .
Доколку не го пополните и потпишете овој формулар, КБ Прво пензиско друштво АД Скопје и понатаму ќе го доставува Известувањето во писмена форма до членот на КБ Прв отворен задолжителен пензиски фонд Скопје.
Ве молиме бидете информирани дека изборот на опцијата e-mail значи дека ќе престанете да ги добивате известувањата по редовна пошта што не го исклучува Вашето право да добиете бесплатно писмено известување на Ваше барање.
Вториот дел од формуларот во прилог на овој e-mail се однесува на давање Изјава за директен маркетинг со која ни дозволувате, на избрана адреса повремено да Ви доставуваме маркетинг материјали кои се однесуваат на КБ Прв отворен задолжителен пензиски фонд – Скопје, задолжителниот пензиски фонд од вториот пензиски столб, со кои управува Друштвото.
Напоменуваме дека (не)потпишувањето на овој формулар/изјава не влијае-не ги ограничува на правата што ги имате како член на КБ Прв отворен задолжителен пензиски фонд – Скопје.
Доколку го потпишете овој формулар, а во случај на промена на Вашата e-mail адреса, потребно е да доставите известување до КБ Прво пензиско друштво АД Скопје со што ќе биде направена промена во евиденцијата на Друштвото. Во спротивно, Друштвото ќе доставува известување на e-mail адресата што ќе ја доставите со овој формулар.

 



Ваш коментар