| | Остварување на правата Согласно Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување, членовите на задолжителните пензиски фондови имаат право на користење на средствата од индивидуалната сметка, и тоа како:
2. инвалидска и семејна пензија, во случаи определени со Закон
1. Програмирани повлекувања 2. Ануитети 3. Комбинација од овие опции Начинот на користење на средствата по исполнувањето на условите за старосна пензија претставува личен избор на членот. По исклучок, до примената на законот за исплата на пензија преку ануитети или програмирани повлекувања, кога член на задолжителен пензиски фонд ќе стекне право на старосна пензија според Законот за пензиското и инвалидското осигурување, може да го повлече целиот износ од неговата индивидуална сметка. Законот за исплата на пензии и пензиски надоместоци од капитално финансирано пензиско осигурување е донесен во 2012 година (Сл. Весник на РМ, бр.11 од 24.01.2012 година), а ќе се применува од 1 март 2014 година. Кога членот ќе исполни услови за инвалидска пензија:
Доколку акумулираните средства на член на задолжителен пензиски фонд се повеќе од износот потребен за исплата на инвалидската пензија, членот на пензискиот фонд може да избере едно од правата (купување на ануитети, програмирани повлекувања или комбинација од двете опции) што може да ги користи членот што ќе оствари право на старосна пензија. Доколку пак членот или времено распределениот осигуреник стекне право на времена инвалидска пензија согласно Законот за пензиско и инвалидско осигурување, времената инвалидска пензија се исплатува од Фондот на ПИОМ, а средствата на индивидуалната сметка на членот остануваат во задолжителниот пензиски фонд се додека членот не оствари право на старосна, инвалидска или семејна пензија.
2. Ако акумулираните средства на член на пензиски фонд се повеќе од износот потребен за исплата на семејна пензија, корисникот на семејна пензија може да избере едно од правата што може да ги користи член на задолжителен пензиски фонд што ќе оствари старосна пензија (купување на ануитети, програмирани повлекувања или комбинација од двете опции). 3. Доколку починатиот член на пензискиот фонд нема членови на семејството кои имаат право на семејна пензија, средствата од сметката на тој член стануваат дел од оставинската маса на оставителот и со тие средства се постапува согласно Законот за наследување. Ваш коментар |