СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ18.05.2012

КБ ПРВО ПЕНЗИСКО ДРУШТВО АД СКОПЈЕ ЗА СМЕТКА НА ЧЛЕНОВИТЕ НА ЗАДОЛЖИТЕЛНИОТ ФОНД ГО КОРИСТИ ДОГОВОРОТ ЗА ОДБЕГНУВАЊЕ НА ДВОЈНО ОДАНОЧУВАЊЕ СО РЕПУБЛИКА ГЕРМАНИЈА - ТУКА


КБ Прво пензиско друштво – учесник на Скопски Маратон 201217.05.2012

Почитувајќи го еден од основните принципи во нашето работење – Респект кон луѓето и околината, КБ Прво пензиско друштво поддржува настани што значат развој на младите и спортот.
Во тој контекст, КБ Прво пензиско друштво, веќе традиционално, шеста година по ред е спонзор на Скопскиот Маратон на кој редовно учествуваат повеќе од 50% од вработените.

Годинава, за учество на Маратонот што се одржа на 6-ти Мај 2012 година, се пријавија најголем број - 33 вработени и соработници на Друштвото, кои не само што го градеа спортскиот и натпреварувачки дух на Друштвото туку ја продолжија и традицијата на хуманост.

Исто така, Друштвото ја продолжи и својата традиција и за секој еден истрчан/изоден метар од претставниците на Друштвото на било која завршена трка од Маратонот,     КБ Прво пензиско друштво ќе донира по еден денар во хуманитарни цели. Со тоа, оваа година ќе бидат донирани околу 3.000 евра.

До сега, на овој начин се донирани средства на пет луѓе за лекување во странство и на Црвениот крст.


Дел од вработените и соработниците пред стартот
 

 

Најнови резултати од работењето на КБ Прво пензиско друштво АД Скопје16.05.2012

 

Објавен е Месечниот билтен 04.2012 на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување. Одете на интернет страната на Агенцијата и дознајте ги најновите резултати од работењето на Вашите задолжителен и доброволен пензиски фонд.
 
Резултатите на КБ Прво пензиско друштво во управувањето со КБ Прв отворен задолжителен пензиски фонд и КБ Прв отворен доброволен пензиски фонд можете да ги погледнете и на нашата интернет страна.

 

 

Најнови резултати од работењето на КБ Прво пензиско друштво АД Скопје11.04.2012
Објавен е Месечниот билтен 03.2012 на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување. Одете на интернет страната на Агенцијата и дознајте ги најновите резултати од работењето на Вашите задолжителен и доброволен пензиски фонд.
 
Резултатите на КБ Прво пензиско друштво во управувањето со КБ Прв отворен задолжителен пензиски фонд и КБ Прв отворен доброволен пензиски фонд можете да ги погледнете и на нашата интернет страна.

 

Работна посета на Амбасадорот на Република Словенија, Г-дин Бриан Бергант на КБ Прво пензиско друштво03.04.2012

Амбасадорот на Р. Словенија, Г-дин Бриан Бергант и економскиот советник на амбасадорот, Г-дин Вартоломеј Товшак, како дел од редовните посети на компаниите со словенечки капитал, на 30 Март 2012 година, беше во посета на КБ Прво пензиско друштво.

Гостите беа примени од менаџментот на Друштвото – Генералниот директор Јанко Тренкоски, Вториот Генерален директор Бојан Стојаноски и Филип Николоски, член на Управниот одбор на Друштвото.

Генералниот директор Тренкоски го запозна Амбасадорот Бергант со работењето на компанијата во изминатата година и идните планови.
Амбасадорот Бергант истакна дека Амбасадата на Р. Словенија  е подготвена да му помогне на Друштвото во неговото работење и остварување на неговите планови.
На крајот од посетата, менаџментот на КБ Прво пензиско друштво доби покана од Амбасадорот Бергант за заедничка прослава на 20-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Република Македонија и Република Словенија.

 

Најнови резултати од работењето на КБ Прво пензиско друштво АД Скопје13.03.2012
Објавен е Месечниот билтен 02.2012 на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување. Одете на интернет страната на Агенцијата и дознајте ги најновите резултати од работењето на Вашите задолжителен и доброволен пензиски фонд.
 
Резултатите на КБ Прво пензиско друштво во управувањето со КБ Прв отворен задолжителен пензиски фонд и КБ Прв отворен доброволен пензиски фонд можете да ги погледнете и на нашата интернет страна.

 

Инструкции за поедноставно следење на Извештаите 27.02.2012

Имајќи ги предвид комплексноста на содржината на извештаите за состојба на сметка, како и значењето на транспарентноста кон членовите на пензиските фондови со кои управуваме, КБ Прво пензиско друштво АД Скопје подготви:


За членовите на Задолжителниот пензиски фонд

Инструкции за поедноставно следење на Извештајот за состојба на индивидуална сметка

За членовите на Доброволниот пензиски фонд

Инструкции за поедноставно следење на Извештајот за состојба на доброволна индивидуална сметка 
и
Инструкции за поедноставно следење на Извештајот за состојба на професионална сметка   

Објаснување на термините во Извештаите можете да најдете ТУКА  

За дополнителни информации Ве молиме да не контактирате на телефонот 02/ 32 43 777 или во просториите на КБ Прво пензиско друштво ,  секој работен ден од 08:00-16:00 часот.
Исто така можете да се обратите и на продажните места на Друштвото

Со почит
КБ Прво пензиско друштво АД Скопје

 

ПОВРАТ НА ПЕРСОНАЛЕН ДАНОК НА ДОХОД ЗА 2011 ГОДИНА22.02.2012

на членовите со доброволна индивидуална сметка

Согласно член 158 став 2, 3 и 4 од Законот за доброволно капитално финансирано пензиско осигурување, член на доброволен пензиски фонд кој има доброволна индивидуална сметка и уплаќа сопствени средства кои се претходно оданочени со персонален данок, има право на поврат на персоналниот данок на доход пресметан на износот на уплатениот придонес во доброволниот пензиски фонд.
Износот на кој се пресметува повратот за една календарска година не може да биде поголем од четири просечни месечни бруто плати во Републиката, објавени за претходната година.
Повратот на персоналниот данок на доход на овие членови се врши на годишно ниво директно на нивната доброволна индивидуална сметка во пензискиот фонд со доставување на барање за поврат на данок од страна на членот или физичкото лице за сметка на членот.
Правото на враќање на данокот се однесува и во случаите кога трето физичко лице во име на членот на доброволен пензиски фонд уплатило средства на неговата индивидуална сметка, а истите претходно се оданочени со персонален данок.

За повеќе информации за повратот на персонален данок на доход за 2011 година на членовите на КБ Прв отворен доброволен пензиски фонд – Скопје кои имаат доброволна индивидуална сметка, кликнете ТУКА.

Со почит,
КБ Прво пензиско друштво АД Скопје


 

Интервју на Генералниот директор на КБ Прво пензиско друштво22.02.2012

Интервју на Генералниот директор на КБ Прво пензиско друштво за Вести 24

 

Најнови резултати од работењето на КБ Прво пензиско друштво АД Скопје17.02.2012
Објавен е Месечниот билтен 01.2012 на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување. Одете на интернет страната на Агенцијата и дознајте ги најновите резултати од работењето на Вашите задолжителен и доброволен пензиски фонд.
 
Резултатите на КБ Прво пензиско друштво во управувањето со КБ Прв отворен задолжителен пензиски фонд и КБ Прв отворен доброволен пензиски фонд можете да ги погледнете и на нашата интернет страна.

 

 

Соопштение за јавност06.02.2012

 

Управувањето на Друштвото со КБ Прв отворен задолжителен пензиски фонд-Скопје

Поврзани новости: @ mkbiz. Blogspot
 

 

Најнови резултати од работењето на КБ Прво пензиско друштво АД Скопје12.01.2012
Објавен е Месечниот билтен 12.2011 на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување. Одете на интернет страната на Агенцијата и дознајте ги најновите резултати од работењето на Вашите задолжителен и доброволен пензиски фонд.
 
Резултатите на КБ Прво пензиско друштво во управувањето со КБ Прв отворен задолжителен пензиски фонд и КБ Прв отворен доброволен пензиски фонд можете да ги погледнете и на нашата интернет страна.