ИНВЕСТИЦИОНА ПОЛИТИКА

КБ Прво пензиско друштво АД Скопје ги инвестира средствата на членовите задолжителниот фонд со кој што управува согласно строго утврдени правила и принципи, под постојан надзор на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување, а банката чувар на имот ги чува средствата на пензискиот фонд одвоено од средствата на друштвото.

Утврдените принципи на инвестирање се:

Сигурност: инвестирање во рамки на Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување и подзаконски акти

Диверсификација: вложување во голем број финансиски инструменти и издавачи, заради диверзификација на ризиците

Ликвидност: инвестиции во високо ликвидни инструменти со цел одржување на високо ниво на ликвидност, во случај на потреба од средства за исплата од фондот по различни основи

Принос: покрај сигурноста, основен принцип на инвестирањето е и примена на активна управувачка политика , што значи внимателен избор на првокласни, нискоризични хартии од вредност и други финансиски инструменти, со што на членовите ќе се обезбеди пазарно конкурентен принос и пораст на нивните средства.

Како и секој промислен инвеститор Друштвото при носење на одлуките за инвестирање во одредени инструменти или издавачи се води од оптималниот сооднос помеѓу ризикот и приносот . Друштвото, при управувањето со средствата на Пензискиот фонд, ќе настојува да оствари највисок можен принос по инвестиција за одредено прифатливо ниво на ризик.



Ваш коментар