Новости
Известување за намалување на надоместокот од уплатени придонеси и месечниот надоместок од вкупните нето средства на КБ Прв отворен задолжителен пензиски фонд-Скопје27.12.2016

 

ИЗВЕСТУВАЊЕ
ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА
 НАДОМЕСТОКОТ ОД УПЛАТЕНИ ПРИДОНЕСИ И
МЕСЕЧНИОТ НАДОМЕСТОК ОД ВРЕДНОСТА НА ВКУПНИТЕ НЕТО СРЕДСТВА
НА КБ ПРВ ОТВОРЕН ЗАДОЛЖИТЕЛЕН ПЕНЗИСКИ ФОНД – СКОПЈЕ
 
Друштвото изврши намалување на надоместокот од придонесите и месечниот надоместок од вредноста на вкупните нето средства во КБ Прв отворен задолжитен пензиски фонд – Скопје, со штопочнувајќи од 1.1.2017 година, висината на надоместокот од придонесите ќе изнесува 2,75% 1* од уплатените придонеси, наместо досегашниот надоместок од 3% 1*, а висината на месечниот надоместок од вредноста на вкупните нето средства ќе изнесува 0,035% 1* наместо досегашниот надоместок од 0,04% 1*
 
Ова намалување директно подразбира намалување на трошоците на членовите на КБ Прв отворен задолжителен пензиски фонд – Скопје.
 

Тип на тековно наплатуван надоместок
износ
 
Надоместок од придонес1*
3% (2,75% од 1.1.2017 година)
Месечен надоместок од вредноста на нето средства на Фондот1*
0,04% (0,035% од 1.1.2017 година)
 
Надоместок за премин 1*
 
Број на денови ≤ 720
15 Евра
Број на денови > 720
Не се наплатува надоместок

 

Трансакциони провизии2
Износ во денари
Износ / Нето вредност на средствата на задолжителниот пензиски фонд %
Износ на трошок по една сметководствена единица
(во денари)
Вкупен износ на трансакциони провизии платени од КБ Прв отворен задолжителен пензиски фонд - Скопје во периодот 01.01.2016 - 30.11.2016
625.957,05
0,002%
0,005

 
*Приносот на Вашата индивидуална сметка е променлив и зависи од приносот на Вашиот задолжителен пензиски фонд и од надоместоците наплатени од Вашето друштво кое управува со задолжителниот пензиски фонд.
 
1 Извор: www.mapas.mk
2Извор: КБ Прво пензиско друштво АД Скопје

 

Супервизор на капитално финансирано пензиско осигурување е                                      
Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско
 осигурување (МАПАС) www.mapas.mkтел.02 3224 229