Новости
И З В Е С Т У В А Њ Е ЗА НАМАЛЕН НАДОМЕСТОК ОД ПРИДОНЕСИ ЗА ЧЛЕНОВИТЕ НА КБ ПРВ ОТВОРЕН ЗАДОЛЖИТЕЛЕН ПЕНЗИСКИ ФОНД - СКОПЈЕ28.12.2011


Согласно законската регулатива и Одлуката на Управниот одбор на КБ Прво пензиско друштво АД Скопје, што беше потврдена и од Надзорниот одбор, Друштвото изврши намалување на надоместокот од придонесите во КБ Прв отворен задолжителен пензиски фонд – Скопје, со што почнувајќи од 1.1.2012 година, висината на надоместокот ќе изнесува 4% од уплатените придонеси, наместо досегашниот надоместок од 4,5%.

Ова намалување директно подразбира намалување на трошоците односно поголема нето уплата на средства на сметките на членовите на КБ Прв отворен задолжителен пензиски фонд – Скопје.


Со почит,
КБ Прво пензиско друштво АД Скопје