Новости
Кој смее да рекламира и нуди пензиско осигурување18.11.2011

Поради појава на други субјекти во Република Македонија (друштва за управување со инвестициски фондови, друштва за осигурување и сл.) кои во своите маркетинг активности и реклами наведуваат дека нудат производи во вид на пензиско осигурување, а во интерес на точно известување на јавноста и заштита на интересите на сегашните и потенцијалните членови на задолжителните и доброволните пензиски фондови, Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС објави известување за законски овластените друштва за кои смеат да рекламираат и нудат услуги на капитално финансирано пензиско осигурување.
Целосното известување на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС можете да го прочитате на интернет страната на Агенцијата -  www.mapas.gov.mk или кликнете ТУКА.