Calculator

датум на раѓање (дд.мм.гггг)
пол
месечна уплата
почеток на штедење
принос
надоместок од уплатени придонеси %
надоместок за управување со средствата %

НАПОМЕНА

Пресметката е од информативен карактер. Добиениот износ на акумулирани средства е проектиран врз основа на параметрите кои корисникот самиот ги внесува (месечен износ на доброволен придонес, надомест од уплатени придонеси, надомест од управување со средства и очекуваната стапка на принос и период на инвестирање). Годините на инвестирање се добиени под претпоставка дека корисникот ќе инвестира од избраниот датум на инвестирање до датумот на неговото пензионирање.

За индивидуалните членови е вклучен поврат на персонален данок.

Приносот на доброволниот пензиски фонд е променлив и не значи дека приносите од изминатиот период ќе се остварат и во иднина. Приносот на Вашата доброволна индивидуална сметка и/или професионална сметка зависи од приносот на Вашиот доброволен пензиски фонд и од надоместоците наплатени од Вашето друштво.

Идните стапки на принос не се гарантирани.

Согласно Законот за доброволно капитално финансирано пензиско осигурување, за лицата кои имаат стекнато услов за старосна или инвалидска пензија или, пак, се корисници на истата, односно лица кои повлекуваат средства според законите кои го уредуваат пензиското осигурување во Р. Македонија не е дозволена уплата на доброволен пензиски придонес на индивидуална/професионална сметка.


УПАТСТВО ЗА КОРИСТЕЊЕ НА КАЛКУЛАТОРОТ

  1. Изберете начин на членство: индивидуално членство или професионална пензиска шема
  2. Внесете го планираниот износ на уплата на доброволен пензиски придонес КБ Прв отворен доброволен пензиски фонд – Скопје
  3. Внесете го месецот и годината од која ќе започнете со уплата на доброволен пензиски придонес
  4. Внесете го приносот од инвестиции што сметате дека ќе биде остваруван на средствата на КБ Прв отворен доброволен пензиски фонд – Скопје
  5. Внесете го надоместок од уплатени придонеси што ќе го наплатува Друштвото:
    • за индивидуално членство - надоместокот е однапред определен од Друштвото - 2,9%
    • за професионална пензиска шема потребно е да го внесете надоместокот Вашиот работодавец (ќе) го утврди(л)*
  6. Внесете ги податоците за Вашиот датум на раѓање – ден, месец и година на раѓање
  7. Внесете податок за пол – машки/женски

Калкулаторот иницијално пресметува:

  1. Вкупниот износ на акумулираните средства на Вашата доброволна индивидуална/професионална сметка 10 години пред остварување на право на старосна пензија
  2. Вкупниот износ на акумулираните средства на Вашата доброволна индивидуална/професионална сметка со остварување на право на старосна пензија
  3. Вкупниот износ на акумулираните средства Вашата доброволна индивидуална/професионална сметка на 70 години

Деталната пресметка прикажува:

  1. Преглед на состојба на средства на Вашата доброволна индивидуална/професионална сметка на секои 5 години и состојбата на средства на сметката на 70 години старост
  2. Преглед на состојба на средствата на Вашата доброволна индивидуална/професионална сметка сметка во периодот од 54 години старост – 64 години старост за маж и 52 години старост – 62 години старост за жена