Со цел промена на лични податоци, потребен Ви е ВЕРИФИКАЦИСКИ КОД со кој Вие лично ќе ги потврдите новите податоци во Вашиот профил.

Истиот  може да го добиете на Вашата e-mail адреса или на Вашата домашна адреса (адреса за кореспонденција), претходно регистрирани во евиденција на Друштвото.

За да ја регистирате Вашате e-mail адреса или да побарате достава на ВЕРИФИКАЦИСКИ КОД, Ве молиме да ни се обратите на телефонскиот број 02/3243-777 или 02/3243-772.

По добивање на кодот, Ве молиме за следното:

  1. Најавете се на МОЈА СМЕТКА, користејќи ги корисничкото име и лозинката доделена од страна на Друштвото на задната страна од годишниот извештај за пензиска заштеда.
  2. Во Вашиот профил, извршете промена на потребниот податок, користејќи големи кирилични букви за името, презимето и адресата и во полето за телефон не ги внесувајте следните симболи – и /.
  3. Кликнете Зачувај, по што порталот ќе побара внес на ВЕРИФИКАЦИСКИ КОД.
  4. Внесете го кодот издаден од Друштвото и кликнете Поднеси

Заради заштита на Вашите лични податоци, бараната промена понатаму се разгледува и прифаќа од страна на Друштвото.

 Барање за верификациски код за ажурирање на лични податоци  
 



Ваш коментар