<style type="text/css"> .wpb_animate_when_almost_visible { opacity: 1; }</style>
Калкулатор за пресметка на износ на акумулирани средства во КБ Прв отворен доброволен пензиски фонд - Скопје
Индивидуално членство
Професионална пензиска шема
Датум на раѓање


Пол

Тип на уплата

Месечна уплата

Годишна уплата



Почеток на штедење


Години колку ќе се уплатува
Крајна возраст до која ќе се уплатува


Почетна состојба на сметка



Принос


Надоместок од уплатени придонеси


Надоместок за управување со средствата




НАПОМЕНА

Пресметката е од информативен карактер. Добиениот износ на акумулирани средства е проектиран врз основа на параметрите кои ги внесува самиот корисник (месечен износ на доброволен придонес, надоместок од уплатени придонеси, надоместок од управување со средства и очекуваната стапка на принос и периодот на инвестирање). Износот на средства на сметка на одредена возраст, се пресметани под претпоставка дека членот уплатува онолку години колку што избрал, а за периодот кога не се уплатува, средствата само се инвестираат, односно има само принос а нема уплати.

За индивидуалните членови е вклучен поврат на персонален данок.

Приносот на Доброволниот пензиски фонд е променлив и не значи дека приносите од изминатиот период ќе се остварат и во иднина. Приносот на Вашата доброволна индивидуална сметка и/или професионална сметка зависи од приносот на Вашиот Доброволен пензиски фонд и од надоместоците наплатени од Вашето Друштво.

Идните стапки на принос не се гарантирани.

Во согласност со Законот за доброволно капитално финансирано пензиско осигурување, за лицата кои имаат стекнато услов за старосна или инвалидска пензија, или, пак, се корисници на истата, односно лица кои повлекуваат средства според законите кои го уредуваат пензиското осигурување во Република Македонија не е дозволена уплата на доброволен пензиски придонес на индивидуална/професионална сметка.

УПАТСТВО ЗА КОРИСТЕЊЕ НА КАЛКУЛАТОРОТ

  1. Изберете начин на членство: индивидуално членство или професионална пензиска шема
  2. Внесете го планираниот износ на уплата на доброволен пензиски придонес КБ Прв отворен доброволен пензиски фонд – Скопје (месечно или годишно)
  3. Внесете ја почетната состојба на Вашата сметка
  4. Внесете колку години планирате да уплатувате придонес (при избор на месечна уплата, пресметките се правени под претпоставка дека уплата ќе има секој месец во текот на секоја една година)
  5. Внесете го приносот од инвестиции што сметате дека ќе биде остваруван на средствата на КБ Прв отворен доброволен пензиски фонд – Скопје
  6. Внесете ги податоците за Вашиот датум на раѓање – ден, месец и година
  7. Внесете го податокот за пол – машки/женски

Калкулаторот иницијално пресметува:

  1. Вкупно уплатени средства по завршување на периодот на уплатување
  2. Вкупно акумулирани средства по завршување на периодот на уплатување
  3. Вкупно акумулирани средства 10 години пред пензионирање
  4. Вкупно уплатени средства на ден на пензионирање
  5. Вкупно акумулирани средства на ден на пензионирање
  6. Вкупно акумулирани средства на 70 години

Деталната пресметка прикажува:

  1. Преглед на состојбата на средствата на Вашата доброволна индивидуална/професионална сметка во периодот од 54 години до 64 години старост за маж и од 52 годинидо 62 години старост за жена