Side Area Logo
Добро дојдовте на нашата веб страна
Поврзи се со нас

За нас

„Иднината денес“, значи планирање на нашиот живот денес, со одговорност кон нашата и иднината на нашите најблиски. Вложувањето во пензиските фондови со кои управува КБ Прво пензиско друштво е вложување во сопствената иднина.

Нашата цел е да создадеме вредност за членовите на фондовите со кои управуваме, да ги заштитиме нивните интереси, да овозможиме сигурност на нивните средства и да создадеме принос со соодветно инвестирање.

Нашата визија е КБ Прво пензиско друштво да биде лидер на пазарот на пензиското осигурување во Република Северна Македонија, препознатливо по своите етички принципи, висока стручност и професионалност во работењето, со единствена цел остварување добробит за сите свои членови.

Повеќе

КБ Прв отворен задолжителен пензиски фонд

70940.27
МИЛИОНИ ДЕНАРИ
274.165303
ВРЕДНОСТ НА СМЕТК. ЕДИНИЦИ
278684
ЧЛЕНОВИ

Извор: www.mapas.mk – Месечен билтен 03.2024

КБ Прв отворен доброволен пензиски фонд

1813.56
МИЛИОНИ ДЕНАРИ
222.452526
ВРЕДНОСТ НА СМЕТК. ЕДИНИЦИ
17207
ЧЛЕНОВИ

Извор: www.mapas.mk – Месечен билтен 03.2024

НАШИ ПРИОРИТЕТИ

Работејќи на остварување на својата цел, КБ Прво пензиско друштво, на сите сегашни и идни членови на фондовите им нуди:

СИГУРНОСТ

работејќи во согласност со строгите законски одреби како и поради контролата од страна на институциите кои се инволвирани во реформираниот пензиски систем (Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување и Банката чувар)

СТАБИЛНОСТ

затоа што КБ Прво пензиско друштво произлегува од партнерството на Skupina Prva zavarovalniski holding d.d. Ljubljana и Комерцијална банка АД Скопје, кои создадоа идеален спој на сигурност со голема банкарска традиција, знаење и искуство во управување со пензиски фондови

СПЕЦИЈАЛИЗИРАНОСТ ВО РАБОТЕЊЕТО

затоа што со Друштвото раководат искусни и стручни лица, а негова основна дејност е управување со пензиски фондови

ОРГАНИЗИРАНОСТ И ДОСТАПНОСТ

затоа што располага со широко распространета мрежа на обучени агенти, преку кои секој граѓанин може да дојде до точни информации за производот што го нуди

ТРАНСПАРЕНТНОСТ ВО РАБОТЕЊЕТО

затоа што секогаш е отворено за комуникација и достапно за членовите кои во секое време имаат увид во своите средства и нивното оплодување

КБ ПРВО ПЕНЗИСКО ДРУШТВО

Кога е најдобро да засадите дрво? Веднаш! Исто така, најдобро е веднаш да почнете и да штедите!

Иднината денес!

КБ ПРВО ПЕНЗИСКО ДРУШТВО

Пензионирањето Ви се чини далеку – доколку е така, почнете веднаш да уплаќате за дополнителна пензија.

Иднината денес!

КБ ПРВО ПЕНЗИСКО ДРУШТВО

Мала уплата, голема инвестиција – Вашата заштедa уплатете ја на индивидуална сметка во доброволниот пензиски фонд, зашто и мала уплата може лесно да стане голема инвестиција.

Иднината денес!

Ви се допаѓа КБ ПРВО? Зачленете се сега.

Како да станете член? Контактирајте нѐ!

ЗА НАС

Брошура за КБ Прв отворен доброволен пензиски фонд – Скопје
Брошура ЗАДОЛЖИТЕЛЕН ПЕНЗИСКИ ФОНД
Брошура МАПАС
РЕЧНИК
Информатор ЗАДОЛЖИТЕЛЕН ПЕНЗИСКИ ФОНД
Информатор ДОБРОВОЛЕН ПЕНЗИСКИ ФОНД
Пошумување во Берово 22.11.2023 година
МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН ПОСВЕТЕН НА ЗАШТИТАТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА
Пошумување во Кочани 22.11.2022 година
РАБОТИЛНИЦА НА КБ ПРВО И МАСИТ
Новогодишна прослава
WIZZ AIR СКОПСКИ МАРАТОН 2021
ЗАМЕНИ И ЗАСАДИ
ЗАМЕНИ И ЗАСАДИ 2022

ДОБРE ДОЈДОВТЕ НА КБ ПРВО ПЕНЗИСКО ДРУШТВО

Иднината денес!

ПРИКАЖИ КОРИСНИ ЛИНКОВИ