КБ Прв отворен доброволен пензиски фонд –Скопје

ТРЕТИОТ ПЕНЗИСКИ СТОЛБ – ДОБРОВОЛНО КАПИТАЛНО ФИНАНСИРАНО ПЕНЗИСКО ОСИГУРУВАЊЕ

Овозможува дополнително пензиско осигурување засновано на капитализација на уплатените средства.

Основната цел на Третиот пензиски столб, независно од државното пензиско осигурување, е да обезбеди повисок приход по пензионирањето на вработените лица, пензиски приходи на лицата кои не се вработени или спаѓаат во категоријата на долгорочно невработени лица, лицата вработени на проекти или во странски мисии, лица кои немаат приходи по ниедна основа, дополнително пензиско осигурување на трети лица – брачни другари, членови на семејството, односно пензиски приходи на сите лица кои се на возраст од 15 до 70 години, но немаат остварено право на пензија во согласност со Законот за пензиско и инвалидско осигурување ниту, пак, се корисници на истата, односно лица кои не повлекуваат средства во согласност со Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување и не остваруваат пензиски надоместок во согласност со Законот за доброволно капитално финансирано пензиско осигурување.

Доброволното пензиско осигурување овозможува и доброволно колективно пензиско осигурување – професионални пензиски шеми каде што работодавците уплатуваат дополнителни средства за пензиско осигурување за сите или за дел од своите вработени.

Принципот на акумулација и капитализација на средствата на доброволните индивидуални или професионални сметки, поддржан со инвестиции на средствата на доброволните пензиски фондови и формирање на идните пензиски надоместоци од доброволните фондови (врз основа на висината и периодот на уплата на средствата, наплатените надоместоци и приносот од инвестиции), овозможува дефинирање на висината на акумулираните средства што се користат за исплата на пензиски надоместоци од доброволните фондови.