ДОБИВАЈТЕ ГО ВАШИОТ ИЗВЕШТАЈ ЗА СОСТОЈБА НА СМЕТКА  НА ВАШАТА E-MAIL!

Сè што треба да направите е да го пополните соодветниот формулар, односно:

Доколку сте член на КБ Прв отворен задолжителен пензиски фонд – Скопје од Вториот пензиски столб или КБ Прв отворен доброволен пензиски фонд – Скопје од Третиот пензиски столб, треба да го пополните формуларот подолу.

Формулар за известување на член по пат на електронска пошта

Доколку сте компанија и имате професионална пензиска шема во КБ Прв отворен доброволен пензиски фонд – Скопје од Третиот пензиски столб, треба да го пополните формуларот подолу

Формулар за известување на осигурител по пат на електронска пошта

Пополнетиот и потпишан формулар можете да го доставите (лично или по пошта) до КБ Прво пензиско друштво АД Скопје на адреса бул. „Илинден“ бр.1, 1000 Скопје или во која било од експозитурите на Комерцијална банка АД Скопје што се наведени на нашата интернет-страница во менито „Продажна мрежа“.